Топ Новости >


Достоевски рекол дека „злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторството“.

Еве го Франгов - клучарот на „Радио Телевизија Гевгелија“ како виси предизборно на нелегално место за партиска пропаганда - од фасадата на зградата на „РТГ“. Франгов во септември 2009 кога стапи на функцијата градоначалник како кандидат на ДПМНЕ нареди затварање на РТГ со ланци и катанци (физичко затварање), а вработените останаа без пристап до своето работно место и без работа. Зградата на РТГ до ден денешен е празна и нефункционална. Всушност целта беше да се замолчи медиумот. И, кој сега може после осум години да влезе во зградата и да постави рекламен партиски транспарент, ако не клучарот на „РТГ“. 

Еве го, и на бандери го има, и на канделабри, само добро е што не е „жална вест“, туку најава за постизборна ожалостеност.

ДИК, ОИК, антикорупциска, организатори и учесници на предизборните активности: - До кога ќе гледате како Франгов го крши изборниот законик на РМ? Или го оставате сам да свисне, како што на народот му прекисне!?

ФОТО: Централно градско шеталиште во Гевгелија - Народно движење за Македонија со партиски билборд на откупен рекламен простор, а плакатот на кандидатот на гевгелиски ДПМНЕ на зградата на „убиениот гевгелиски А1“

 


Ќосето се дислоцира

Со механизација и кран вечерва се крева и дислоцира споменикот на Ќосето

Повеќе

Зраци низ Цветот на слободата

Шупливиот споменик на паднатите борци од НОБ на Мрзенски рид прелеан со зраците на сончевиот залез

Повеќе

Нашите на ЗОИ

Олимписки досетки

Повеќе

Снежна Гевгелија

Фото времеплов - Гевгелија на овој ден пред шест години

Повеќе

Дојранско езеро се гуши во пена

Фото галерија - февруарска разгледница од еколошката штета на Дојранското езеро

Повеќе

Амандмански есап

Нова валута на бизнисмените од старата власт

Повеќе

Паркинг (не)култура

Возило на „Комуналец“ паркирано на пешачки премин пред раскрсница

Повеќе

Дени со крстот против рудниците

Дени Маџиров е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на браната Паљурци, што се одржа на ден Водици во Богданци

Повеќе

Богданци во новогодишен сјај

Предновогодишното украсување на Богданци со многу ѕвезди, новогодишни подароци, кочии, елени

Повеќе

Предновогодишниот сјај на Гевгелија

Фото Галерија од предновогодишниот сјај на улиците низ Гевгелија

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.