Топ Новости >


Два месеца после предизборните партиски активности, во кои се вклучени и рекламирањата со плакати, билборди, флаери, во центарот на Гевгелија до вчера стоеше закачен на фасадата на „РТГ“ билборд на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.
Иако по законот за избори, организаторот на изборна кампања е должен да го отстрани рекламниот материјал после изборите, овој портрет на губитникот на локалната градоначалничка фотеља стоеше оптегнат со сајли на несоодветно место за истакнување на партиски пропагандни материјали. Ама, тогаш беа власт, па мислеа дека се' им се може. Сега, кога изгубија, изгубија и воља да ги отстрануваат плакатите. Си ја тешат совеста дека се' уште се тука, за членството, или не им се дава пари за екипа да ги „симне“ од жица.

Гевгеличани на изборниот гласачки ден не ги излажа циничната насмевка од постерот, а ветерот пак воопшто не му го есапеше меракот уште колку време сака да им се „потсмева“ на гевгеличани од фасадата на зградата на „Радио Телевиција Гевгелија“. Таа зграда што ја запусти тој лично по партиска директива, заедно со вработените во неа.

 

Денеска, 7 декември е последен работен ден за комуналците неделава. Утре е празник, неработен ден, па отпадот ќе стои до кога?
Или, нема кој да ја одбрани честа на грбот на ДПМНЕ?

Ало, убавке-комуналке, прибериси си го бранителот сиве овие шест години од твоето директорување и не му го прави резилот поле за кучешки лепешки.

Гевгелија заслужува убавина и чист град.

Фото: Паднатиот рекламен плакат во центарот на Гевгелија, до градската фонтана на улица „Маршал Тито“ во четврток (07.12.2017 околу 16 часот)


Дени со крстот против рудниците

Дени Маџиров е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на браната Паљурци, што се одржа на ден Водици во Богданци

Повеќе

Богданци во новогодишен сјај

Предновогодишното украсување на Богданци со многу ѕвезди, новогодишни подароци, кочии, елени

Повеќе

Предновогодишниот сјај на Гевгелија

Фото Галерија од предновогодишниот сјај на улиците низ Гевгелија

Повеќе

Југот во декември

Зимски месец, а есенски температури

Повеќе

Бона Лиза

Фото колаж од гордата алапача

Повеќе

Губитнички отпад

Партиски пропаганден плакат - отпад во центарот на Гевгелија

Повеќе

Одбрана за имунитет

Како да го одбраните имунитетот - препорака за пратеници 

Повеќе

Лажниот Корлеоне

Грујо уште плаши мали деца

Повеќе

Риболовци на Вардар

Викенд релаксација со трска и водениот мир

Повеќе

Духот од шишето

Шишето му е омилено за криење, ама и блискоста и јавнто кокетирање со власта не ги запоставува

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.