Топ Новости >

Дојранско езеро се гуши во пена

  • Вторник, Фев 06 2018


Еколошка разгледница од февруарското гушење со пена на Дојранското езеро.

Фотографиите се објавени на група која ја поддржуваат жителите на Дојран, со реакции за невидената запуштеност на езерото. Причините ги лоцираат самите жители: неработењето на колекторскиот систем, засилената изградба на брегот на езерото, немањето пречистителна станица за отпадните води од населените места кои гравитираат покрај езерскиот брег, Нов и Стар Дојран, селото Николич и населените места на грчката територија на езерото.

Бранновитото езеро ја исфрла пената како страно тело на брегот.

Пењестата вода ја има и меѓу потопената пешачка патека, од која стојат расфрлани бекатон плочки, на оградениот брег каде има канделабри и сето тоа укажува на потребата од итна еколошка санација на загадувањето и интервенции на теренот на крајбрежјето за кое е надлежна локалната самоуправа.

Ама, не може за секое загадување само да интервенира Општината без санкции по загадувачите.
Граѓаните повикуваат и на граѓанска свесност и проектни интервенции за заштита и зачувување на убавините на Дојранското езеро.

 

 

Фото: Фејсбук статус на Здравка Шурдоња и коментари на загрижени граѓани од февруарската глетка на Дојранското крајбрежје

 


Ќосето се дислоцира

Со механизација и кран вечерва се крева и дислоцира споменикот на Ќосето

Повеќе

Зраци низ Цветот на слободата

Шупливиот споменик на паднатите борци од НОБ на Мрзенски рид прелеан со зраците на сончевиот залез

Повеќе

Нашите на ЗОИ

Олимписки досетки

Повеќе

Снежна Гевгелија

Фото времеплов - Гевгелија на овој ден пред шест години

Повеќе

Дојранско езеро се гуши во пена

Фото галерија - февруарска разгледница од еколошката штета на Дојранското езеро

Повеќе

Амандмански есап

Нова валута на бизнисмените од старата власт

Повеќе

Паркинг (не)култура

Возило на „Комуналец“ паркирано на пешачки премин пред раскрсница

Повеќе

Дени со крстот против рудниците

Дени Маџиров е среќниот фаќач на Светиот крст во водите на браната Паљурци, што се одржа на ден Водици во Богданци

Повеќе

Богданци во новогодишен сјај

Предновогодишното украсување на Богданци со многу ѕвезди, новогодишни подароци, кочии, елени

Повеќе

Предновогодишниот сјај на Гевгелија

Фото Галерија од предновогодишниот сјај на улиците низ Гевгелија

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.