Топ Новости >

Наталитетот во Гевгелија намален за 53%

  • Четврток, Јан 05 2017


Во изминатата 2016 година во одделението за гинекологија при Општа Болница „Гевгелија“ се родија 93 новороденчиња. За разлика од претходната 2015 година кога на свет беа донесени 199 бебиња, тоа значи намалување на наталитетот за 53,3 %.

Причината за ваквиот пад не лежи само кај нерешителноста на младите родилки, туку и поради условите во Општа Болница Гевгелија. По немилиот случај на изгубен живот на родилка од Николич и нејзиното дете и покренатите кривични пријави за гинекологот и двајцата анестезиолози, гинеколошкото одделение остана без стручен медицински кадар и ги затвори вратите за своите пациентки. Објаснувањето беше дека започнува процес на реновирање на објектот. И, навистина, наскоро започна реализација на проектот за реновирање на гинеколошкото одделение при Општа Болница од Гевгелија со грант од Европската Унија, па така објаснувањата за личната одговорност на кадарот се изретчи, а родилките се упатуваа до соседните медицински установи во Струмица, Валандово, Велес, Штип, Скопје.

Годинава 2017, во еден ист ден ( 3-ти јануари) Гевгелија  доби две новороденчиња - машко и женско.
Првото е од мајката Камчева Драгица од Моин која на свет донесе здраво машко дете тешко три килограми и 750 грама, со должина од 54 сантиметри.
Второто новородено женско дете е од мајката Додевска Марија од Гевгелија која во прегратките ја имаше малата рожба од 3 килограми и 150 грама, со должина од 51 сантиметар.
По традиција новороденчињата добија бебешки пакети за подарок, а првороденчето на младото семејство Камчеви и новогодишен подарок од градоначалникот на Општина Гевгелија во износ од 10.000 денари.

Па, на толку малку рожби во Гевгелија, на новороденчињата во ист ден со некој час разлика (оти биле направени царски зафати и се знаел распоредот во операционата сала за раѓање) можел да им подари и на двете родилки по 10.000 денари. Нема ли Општината пари за своите нови сожители во рекордниот буџет од 14 милиони евра за 2017 година !??

 


Промоција на збирка поезија "Јужен глас" во Гевгелија

Гевгеличанката Лилјана Пецова Илиеска, неодамна издаде свој поетски првенец, збирката поезија „Јужен глас“ која утревечер ќе и' ја претстави на својата публика од каде што потекнува, и од каде што ги

Повеќе

Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци

Двовековната традиција со моминското оро „Ѓура Мара“ утревечер во Миравци

Повеќе

Велигденски венец со суво грозје

За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го овој традиционален велигденски украсен десерт

Повеќе

Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст

По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија

Повеќе

Бенкси со протестен графит

Бенкси преку графит бара ослободување на курдската сликарка од Турција Зехра Доган

Повеќе

АХВ апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга

Повеќе

Акаденсмиот хор „Керес“ од Солун ќе гостува во Гевгелија

По повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора

Повеќе

Осмомартовски концерт за Денот на жената

„Љубов низ арија ти подарувам“ е празничниот проект на Општина Гевгелија поддржан од Министерството за култура на РМ, посветен на Меѓународниот Ден на жената

Повеќе

Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот

Ничевски: Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините од културниот живот во

Повеќе

Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош

Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари наменет за активностите на 54 културни состави, групи и поединци

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.