Топ Новости >

Грипот ги руши рекордите во 2017 година

  • Вторник, Јан 17 2017


Големиот број на заболени лица од грип на подрачјето на Општина Гевгелија, Богданци и Дојран во првите денови од јануари покажува енормен пораст во однос на состојбата на заболени од минатата година.
Само во првата недела од 2017 евидентирани се 153 случаи на заболени од сезонски грип. Споредено со последната недела од декември 2016 кога состојбата на заболени изнесувала 75 лица, тоа значи пораст на бројот на заболени за 104 %, што ја алармира состојбата со грипот. Аларм е и самиот факт што збирот на заболени од само овие две посочени недели (последната од 2016 и првата од 2017 година) ја надминува бројката на вкупно заболени од грип во целата измината 2017 година
Во моментот во Центарот за јавно здравје состојбата на заболени е 203 лица. Ова сепак не е конечната бројка на заболени, бидејќи голем дел од болните ја добиваат неопходната здравствена терапија од своите матични лекари, без да бидат пополнети формилари за пријава на инфлуенца од грип за која се потребни дополнителни лабораториски анализи, а болните избегнуваат да се задржуваат во болничките простории заради студот и лошата здравствена состојба.

Здравствените работници од Центарот за јавно здравје Велес, каде припаѓа и Подрачната единица во Гевгелија укажуваат дека не очекува сезона на грип со поголем број на заболени во однос на минатата година. Јануарската експлозија на бројот на заболени може да ја достигне и состојбата во 2015 кога вкупниот број на заболени изнесувал 780 лица.
Засега ниските температури и распустот на учениците поволно делуваат по однос на прекинување на синџирот на пренос на инфекцијата во затворени колективи, сепак надлежните упатуваат на потребата сите институции да се придржуваат кон препораките дадени од Институтот за јавно здравје за превенција од ова заболување.

Состојбата со грипот предизвика расправа и на Локалниот совет за превенција посветена на состојбата со грипот во општината. На вчера одржаната седница на Локалниот совет за превенција беа донесени и соодветни заклучоци кои на некој начин и го потврдија недостатокот на здравствен специјалистички кадар во Општа Болница во Гевгелија, педијатри пред се', недостаток од современи услови за работа во Инфективното одделение во Општа Болница и одделување на инфективните случаи од другите пациенти кои доаѓаат во болницата.
Локалниот Совет за превенција ги повтори препораките на Републичкиот Центар за јавно здравје да се дезинфицираат превозните средства со кои се превезуваат учениците и да се изврши редовна дезинфекција на основните и среднте училишта.
Беше изскажана препорака во Детските градинки родителите да не ги носат болните деца, за да се спречат евентуалните зарази над останатите деца кои ги посетуваат градинките.

Надлежност за постапување по заклучоците Локалниот Совет за превенција ќе побара од Министерството за здравство на Република Македонија, Општата Болница во Гевгелија, како и од училиштата и детските градинки на територија на општина Гевгелија.

 


Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

Перформанс за деца „Ова не е сон“ во Гевгелија

Колектив Ветерница“ од Скопје во рамките на новиот културен бран поддржан од Министерството за култура на РМ, гостува со перформансот наменет за деца гостува во Гевгелија

Повеќе

Ликовната секција од ООУ „Крсте мисирков“ меѓу 5-те најдобри на меѓународна

Во силна конкуренција од 50 ликовни секции од Балканот, „Ајфеловата кула од капачиња“ го привлече вниманието и на публиката и на жирито 

Повеќе

Стефан Марковски - добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во

„Книжевно перо“ за младиот гевгелиски поет за книга на годината вон изданијата на Хрватското книжевно друштво

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.