Топ Новости >

Македонија-Европски првак по смртност од мозочни удари

  • Недела, Фев 05 2017


Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ, денеска одржа Прес конференција на која предупреди дека Македонија е меѓу првите две земји во Европа по лоши резултати во здравството, со смртни последици по здравјето на граѓаните, истакнувајќи дека тоа е поразителната вистина за здравствениот систем.




- Поради ова се потребни итни промени во здравствениот систем за заштита на нивното здравје. Тоа што го крие и за што лаже криминалната власт во заминување, го соопшти Европскиот здарвствен порошувачки индекс (ЕХЦИ). Истражувањето за 2016 година покажува дека Македонија е на 34-то место по лоши здравствени резултати, од вкупно 35 европски земји! Македонија e прва во Европа по тоа што не може да се справи со смртност од мозочни удари. Сите земји од регионот се подобри од Македонија по овој параметар - намалување на смртноста од мозочни удари. Македонија е втора во Европа по смртност на доенчиња! Македонија е трета во Европа по најлоша стапка на преживувавње на болните од рак! Македонија е меѓу земјите со најголем процент на граѓани кои страдаат од депресија! - рече Мехмедовиќ.

Спроед него, ова покажува дека Мој термин, времето на чекање, таканаречените реформи се само фарса што не функционира во реалноста.

- Граѓаните знаат по колку време им треба да дојдат до вистинскиот лекар што ќе им ја постави вистинската дијагноза. Знаат дека повеќе време минуваат низ болничките ходници отколку во ординација. Знаат дека не можат да дојдат до соодветен здравствен третман затоа што или апаратите се расипани, или апарати нема, па се препраќаат од клиника на клиника, а со секој нов ден нивното здравје е се полошо. Ова е резултат на лажните вести на Никола Тодоров дека прават вистински реформи во здравството. Вистината е дека најголемиот нивен успех се тендерите преку кои се збогатија поединци од власта, а граѓаните останаа осиромашени покрај со пари и за најдрагоценото – нивното здравје - рече тој.

Мехмедовиќ истакна дека новата одговорна Влада за која гласаа граѓаните ќе ги ревидира сите неуспешни проекти на несовесната власт. Здравјето на секој граѓанин ќе биде врвен приоритет, а за сите последици од лошите политики ќе има одговорност.

 


Промоција на збирка поезија "Јужен глас" во Гевгелија

Гевгеличанката Лилјана Пецова Илиеска, неодамна издаде свој поетски првенец, збирката поезија „Јужен глас“ која утревечер ќе и' ја претстави на својата публика од каде што потекнува, и од каде што ги

Повеќе

Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци

Двовековната традиција со моминското оро „Ѓура Мара“ утревечер во Миравци

Повеќе

Велигденски венец со суво грозје

За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го овој традиционален велигденски украсен десерт

Повеќе

Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст

По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија

Повеќе

Бенкси со протестен графит

Бенкси преку графит бара ослободување на курдската сликарка од Турција Зехра Доган

Повеќе

АХВ апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга

Повеќе

Акаденсмиот хор „Керес“ од Солун ќе гостува во Гевгелија

По повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора

Повеќе

Осмомартовски концерт за Денот на жената

„Љубов низ арија ти подарувам“ е празничниот проект на Општина Гевгелија поддржан од Министерството за култура на РМ, посветен на Меѓународниот Ден на жената

Повеќе

Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот

Ничевски: Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините од културниот живот во

Повеќе

Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош

Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари наменет за активностите на 54 културни состави, групи и поединци

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.