Топ Новости >

Вкусниот прилепски „Ширден“

  • Четврток, Апр 02 2015


Се ближат велигденските празници, а со нив и обврските за семејните свечени трпези. Овојпат сакаме да Ви предложиме еден познат традиционален прилепски специјалитет „Ширден“. Сезоната на јагнешкото е во тек, па можете да ги набавите и потребните намирници за негово подготвување.

Прво многу убаво треба да се исчистат јагнешките ширдени и да станат прозирни.
На загреано масло прво се пржи ситно сецканиот кромид, па се додаваат двата вида на месо, (што ќе одберете, телешко, јагнешко, свински, пилешко... по ваш избор).

Се динста се додека не испари течноста од самото месо.
Се зачинува со сите зачини, се додава оризот и на крај магдоносот.
Се трга тенџерето од оган и со добиената смеса се полнат ширдените.
На самиот отвор ширденот се затвора со 2-3 чепкалки.
Се редат во земјена тава, се налеваат со вода колку да се покријаат, се додава еден исецкан
домат и се ставаат во релна да се печат околу 2 часа
За време на печењето еднаш до двапати се превртуваат.
По желба може да се додаде и сува лута пиперка.
Пред крај се додаваат исчистените компири да се запечат.

Ова јадење е прилепски специјалитет и има посебен шмек од зачинот јенибар (пимент).
Многу е декоративно и посебно вкусно.

Инаку, во некои краеви на нашата земја може да се сретне ширденот и под името „сириштето на
јагнето“.
Мачно е да се исчисти, но се заборава маката кога ќе го почувствувате прекрасниот шмек и вкус.
Задолжителен ручек за Велигденската трпеза кај старите прилепчани кои држат до традицијата. Пробајте и Вие да ги изненадите домашните соовој познат специјалитет.


Промоција на збирка поезија "Јужен глас" во Гевгелија

Гевгеличанката Лилјана Пецова Илиеска, неодамна издаде свој поетски првенец, збирката поезија „Јужен глас“ која утревечер ќе и' ја претстави на својата публика од каде што потекнува, и од каде што ги

Повеќе

Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци

Двовековната традиција со моминското оро „Ѓура Мара“ утревечер во Миравци

Повеќе

Велигденски венец со суво грозје

За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го овој традиционален велигденски украсен десерт

Повеќе

Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст

По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија

Повеќе

Бенкси со протестен графит

Бенкси преку графит бара ослободување на курдската сликарка од Турција Зехра Доган

Повеќе

АХВ апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга

Повеќе

Акаденсмиот хор „Керес“ од Солун ќе гостува во Гевгелија

По повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора

Повеќе

Осмомартовски концерт за Денот на жената

„Љубов низ арија ти подарувам“ е празничниот проект на Општина Гевгелија поддржан од Министерството за култура на РМ, посветен на Меѓународниот Ден на жената

Повеќе

Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот

Ничевски: Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините од културниот живот во

Повеќе

Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош

Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари наменет за активностите на 54 културни состави, групи и поединци

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.