Топ Новости >


Освежете се со природен и здрав напиток. Од богатиот избор на сезонско овошје Ви предлагаме лесен летен сок од праски. Се подготвува брзо и лесно. За вкусното витаминско разладување ќе ви требаат следите состојки:

- 1 кг. праски
- 1 литар вода
- 250 гр. шеќер
- изрендана кора од половина лимон

Пред подготовкта праските убаво се мијат, се чистат, се лупат и се мелат во машина за мелење месо, или во блендер.
Водата се става во сад на оган да зоврие и му се става шеќерот. Се вари додека да се стопи шеќерот. Потоа течноста се остава убаво да се излади.
Откако течноста ќе биде сосема ладна, во неа се додаваат мелените праски. Се става ренданата кора од лимонот и сокот убаво се меша за да се соединат состојките и да се добие хомогена смеса.
Вака добиениот сок се собира во шишиња и се става да стои во фрижидер, на ладно.
Препорачливо е да се пие веднаш по ладењето и во наредните 3 до 4 денови, бидејќи во него нема никакви додатоци, конзерванси и емулгатори, кои ќе можат да му го продолжат рокот на употреба.
Во овие летни пеколни денови, освежете се со овој прекрасен природен сок од праски! Понудете го и на децата. Така ќе ги научат природните вкусови, а и ќе се разладат.

 


Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

Перформанс за деца „Ова не е сон“ во Гевгелија

Колектив Ветерница“ од Скопје во рамките на новиот културен бран поддржан од Министерството за култура на РМ, гостува со перформансот наменет за деца гостува во Гевгелија

Повеќе

Ликовната секција од ООУ „Крсте мисирков“ меѓу 5-те најдобри на меѓународна

Во силна конкуренција од 50 ликовни секции од Балканот, „Ајфеловата кула од капачиња“ го привлече вниманието и на публиката и на жирито 

Повеќе

Стефан Марковски - добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во

„Книжевно перо“ за младиот гевгелиски поет за книга на годината вон изданијата на Хрватското книжевно друштво

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.