Топ Новости >


За овој колач не ви треба миксер. Доволно е да ди имате продуктите за подготовка, да промешате се' што е потребно и после 30 минути можете да се сладите.

Мерките се лесни и не одзимаат време - со чаша од јогурт која вообичаено собира 2 децилитра ги мерите сите продукти. Еве што ви е потребно за подготовка:

• 1 чаша јогурт
• 1 чаша млеко
• 1 чаша масло за готвење
• 1 чаша кокос
• 1 пакетче ванилин шеќер
• 2 чаши шеќер
• 2 чаши брашно
• 1 лажичка прашок за пециво

Глазура:
• 100 гр чоколадо
• 3 лажици масло за готвење

ПОДГОТОВКА
1. Со редоследот кој е прикажан погоре ги мешаме состојките. Можете да се задржите кај шеќерот оставајќи го малку да се растопи во јогуртот и млекото. Го додаваме потоа брашното претходно промешан со пецивото. Промешуваме се' заедно со дрвена лажица. Ја истурате смесата во претходно намачкан сад за печење (погоден е со димензии 20 х 17 см). Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. За да утврдите дали е готово проверете со чепкалка за заби - ако е испечено, чепкалката ќе остане чиста, без налепени честички од смесата.

На пареа на тивок оган, ја растопувате чоколадата со трите лажички масло за јадење и со неа го преливаме колачот. И, готово е за сладење.

Ако сакате, можете да играте со вкусевите - во еден дел од смесата пред печење да додадете лажичка какао и кога ќе ја ставите во остатокот од смесата ќе добиете мраморни шари на колачот.

Ви гарантираме сочен и вкусен колач кој одлично оди со шоља кафе и е лесен со калории.
Пријатно!

 


Промоција на збирка поезија "Јужен глас" во Гевгелија

Гевгеличанката Лилјана Пецова Илиеска, неодамна издаде свој поетски првенец, збирката поезија „Јужен глас“ која утревечер ќе и' ја претстави на својата публика од каде што потекнува, и од каде што ги

Повеќе

Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци

Двовековната традиција со моминското оро „Ѓура Мара“ утревечер во Миравци

Повеќе

Велигденски венец со суво грозје

За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го овој традиционален велигденски украсен десерт

Повеќе

Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст

По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија

Повеќе

Бенкси со протестен графит

Бенкси преку графит бара ослободување на курдската сликарка од Турција Зехра Доган

Повеќе

АХВ апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга

Повеќе

Акаденсмиот хор „Керес“ од Солун ќе гостува во Гевгелија

По повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора

Повеќе

Осмомартовски концерт за Денот на жената

„Љубов низ арија ти подарувам“ е празничниот проект на Општина Гевгелија поддржан од Министерството за култура на РМ, посветен на Меѓународниот Ден на жената

Повеќе

Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот

Ничевски: Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините од културниот живот во

Повеќе

Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош

Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари наменет за активностите на 54 културни состави, групи и поединци

Повеќе

 

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.