Топ Новости >


Едноставни и вкусни тестенини со сирење кои се идеални за закуска со друштво или помини-апни една за ситост во текот на денот. За подготовка ви е потребно:

Кора за печење:
- 500 гр. брашно
- 100 гр маргарин
- 1 децилитар масло за готвење
- 1 јајце
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 коцка, односно 20 гр. квасец
- 1 децилитар млеко
- 1 лажичка шеќер


Фил за посипување на кората:
- 300 гр. кравјо ситно сирење
- 1 жолчка
- 1 дл јогурт


Премаз на горниот слој од кората:
- 1 жолчка
- 50 гр. сусам


Како се подготвува:
Во еден децилитар вода се замешуват лажичката шеќер и квасецот. Се остава да одстои 10 минути. Во пласитчна чинија се подготвуваат другите состојќи и се додава нараснатиот квасец. Оставате да стои уште 30 минути на топло.

Надојденото тесто го премесувате и го делите на две половинки. Ги развлекувате половинките тесто со оклагија. Во сад ги промешуват сирењето, јогуртот и жолчката. Добро промешувате. Развлеченото тесто го премачкувате со половина од филот. Кората се витка во ролна како ролат.

Исто постапувате и со другата половина од тестото, го развлекувате во кора, го премачкувате со фил, го завиткувате во ролна, како ролат.

Извитканото тесто во ролни пресечете го на помали парчиња.

Ја матите жлчката и со неа ги премачкувате парчињата тесто и ги посипувате со сусам.

Парчињата ги редите едно по едно во намрсен плех и се печи 25 минути на температура од околу 250 степени.

Печените штрудлици со сирење ги вадите од рерната и ги прекривате неколку минути со крпа да се омекне печеното во својата сопствена пареа.


Промоција на збирка поезија "Јужен глас" во Гевгелија

Гевгеличанката Лилјана Пецова Илиеска, неодамна издаде свој поетски првенец, збирката поезија „Јужен глас“ која утревечер ќе и' ја претстави на својата публика од каде што потекнува, и од каде што ги

Повеќе

Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци

Двовековната традиција со моминското оро „Ѓура Мара“ утревечер во Миравци

Повеќе

Велигденски венец со суво грозје

За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го овој традиционален велигденски украсен десерт

Повеќе

Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст

По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија

Повеќе

Бенкси со протестен графит

Бенкси преку графит бара ослободување на курдската сликарка од Турција Зехра Доган

Повеќе

АХВ апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга

Повеќе

Акаденсмиот хор „Керес“ од Солун ќе гостува во Гевгелија

По повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора

Повеќе

Осмомартовски концерт за Денот на жената

„Љубов низ арија ти подарувам“ е празничниот проект на Општина Гевгелија поддржан од Министерството за култура на РМ, посветен на Меѓународниот Ден на жената

Повеќе

Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот

Ничевски: Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините од културниот живот во

Повеќе

Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош

Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари наменет за активностите на 54 културни состави, групи и поединци

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.