Топ Новости >

Три дами во истиот фустан: Која најдобро го носи?

  • Петок, Сеп 26 2014

 


Тробојниот фустан потпишан од модниот бренд "Валентино" е вистински хит меѓу ѕвездите, и три убавици се прошетаа пред фото објективите облечени со овој модел, во изминатите неколку месеци. Иако фустанот е ист, секоја жена го носи на свој начин и со различни асесоарои. Што мислите, на која најдобро и’ стои?

Прва оваа креација ја облече симпатичната Ема Стоун, чија коса со боја на коњак одлично се вклопи со бојата на фустанот. Како и обично, весела и насмеана, Ема се појави во емисијата "Добро утро Америка" во април. Фустанот и’ прилегаше на младешкиот изглед, но исто така и на елегантноста.
 
Следно, славната трендсетерка Оливија Палермо, понесена од примерот на актерката, ја облече истата креација на модната недела во Париз во јули. Убавиот фустан го дополни со златен накит и неочекуван детал - зелена чанта. Како и секогаш, Оливија делувала многу софистицирано и модерно.
 
Последна во низата беше Ники Минаж, која пред некој ден вака облечена се појавила како гостин на Елен Деџенерис. Ники се пофалила на своите фанови преку социјалните мрежи за убавиот фустан, но се чини дека таа малку ја скратила должината прилагодувајќи ја на својата фигура. На неа, оваа креација не изгледа толку елегантно, но дефинитивно е многу секси.

На прашањето до читателита на модните списанија: Кому најдобро му стои "Валентино" фустанот? одговорите се следни
EMA STOUN ..............35,1%
OLIVIJA PALERMO .....24%
NIKI MINAŽ................. 40,7%

Погледнете ги фотографиите по истиот редослед: Ема, Оливија, Ники и можете само да процените, да се согласите со анкетата, или да одберете свој фаворит.


Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

Перформанс за деца „Ова не е сон“ во Гевгелија

Колектив Ветерница“ од Скопје во рамките на новиот културен бран поддржан од Министерството за култура на РМ, гостува со перформансот наменет за деца гостува во Гевгелија

Повеќе

Ликовната секција од ООУ „Крсте мисирков“ меѓу 5-те најдобри на меѓународна

Во силна конкуренција од 50 ликовни секции од Балканот, „Ајфеловата кула од капачиња“ го привлече вниманието и на публиката и на жирито 

Повеќе

Стефан Марковски - добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во

„Книжевно перо“ за младиот гевгелиски поет за книга на годината вон изданијата на Хрватското книжевно друштво

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.