Топ Новости >

"Монахот што се плашеше од смртта"

  • Сабота, Апр 11 2015


На 06 Април, во Фоајето на МКЦ во Скопје промовирана е збирката раскази "Монахот што се плашеше од смртта" од Горан Василевски. 

Промотори на делото беа Гоце Ристовски и и Лилјана Пандева-која зборуваше и како рецезент на збирката. Издавач на последниот книжевен запис на Василевски е „ПНВ Публикации“

Публиката во МКЦ го восприми делото преку читачите од НАТГ „Аматер“ - Охрид. Наративноста не можеме да ви ја доловиме, затоа Ви нудима два текста да се запознаете со делото самите.


Монахот што се плашеше од смртта
Кога беше во манастирот, Слободан беше здрав како дрен. Чудо ли, услишени молитви, силната вера ли, само еден Господ знае, но тој одамна веќе ниту сипчеше, ниту движењата му беа млитави. А во лицето стана црвен како тетовско јаболко. Сепак, нема-нема, па ќе го навјасаа жалта по татко му и роднините, како и неговата стара катара... стравот од смртта. Таа го следеше уште кога за да се направат деталните лекарски прегледи, одлежуваше по едночудо болници. Легнат во болничкиот кревет со подместени перници кај грбот за полесно да дише, со страв што се вгнездува само во детската душа, Слободан минуваше бесони ноќи од пуста уплашеност да не нè се разбуди. Дури некаде пред мугрите, кога светлината ќе почнеше да наѕира во собата, се окуражуваше да му се препушти на сонот. А ноќум во собата наѕираше мајка му. Иако тој никогаш не дозна, таа секоја вечер од неговите престои по болниците ја минуваше мерејќи го ходникот пред собата.


ГАМБИТ
Сардисан од бетон, стакло и алуминиум, малиот парк беше единствениот простор во тој дел од градот каде можеше да се следи пресоблекувањето на годишните циклуси. Гледано од терасите на околните висококатници, паркот заприлегаше на парче природа сосила напикано во рамката што не му дава да мрдне. Па сепак и во така скудниот простор, трите чинари, липата и неколкуте зимзелени дрвца ја правеа пролетта позелена, летото посвежо и есента помалку тажна. Дури и кога ќе поклопеше снег, во паркот можеше да се видат луѓе застоени покрај клупите. Петмина пензионери беа неговите најверни посетители. Додека другите само минуваа низ паркот, или кратко одмораа седнувајќи на некоја од клупите, тие во него имаа сакрално собиралиште каде катадневно минуваа дел од она што им останало од животот. Паркот беше нивната шума и врзило со минатото, а тие беа неговите жреци со ритуални обреди што ги знаеја дури и птиците.

 


Грипот како да не' одминува со само 36 заболени во Гевгелија

Во Македонија близу 8.500 заболени, а во Гевгелија само 36 заклучно со февруарскиот изваштај на Центарот за јавно здравје 

Повеќе

Што наследуваат децата од татковците

Од сите случајни наследни сличности само четири особини се директно наследени од татковците, а за тоа се пресудни гените

Повеќе

Разговорот сам со себе не е лудост

Стручњаците велат дека разговорот помага на умот да се фокусира на задачата што ја извршува во моментот, а да ги игнорира работите кои му го одвлекуваат вниманието 

Повеќе

Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.