Топ Новости >

Велигденска манифестација „Ѓура Мара“ во Миравци

  • Среда, Апр 15 2015

 



 

На третиот ден од Велигден во гевгелиското село Миравци, некогаш општина Миравци, се одржа народната традиција “Ѓура Мара“ стара околу двеста години.

Некогаш на сред село, а денеска на плоштадот пред Домот на културата се изведоа сплет од народни ора од КУД “Танец“ од Миравци, од гостинските фолклорни друштва КУД „Пријатељи“ од Јабланица, Босна и Херцеговина и гевгелискиот фолклорен ансамбл „Бојмија“ со изведба на ора и песни од својот крај.

Традиционалниот народен обичај од овој крај, орото “Гура Мара“ е посветен на вистинската случка за спасувањето на убавата мома Мара која била грабната од страна на турски воен намесник во тој крај.

Момата Мара била грабната од самото оро додека играла со девојките од селото, а братот Ѓуро тргнал заедно со другарите да ја оттргне од грабнувачите и во тешка борба загинал, а Мара била вратена во селото.
Од тогаш па наваму во селото на третиот ден од велигден се игра само моминско оро, а постарите жени со стапови ги бранат момите од машките лица кои сакат да се фатат на орото.

Со времето оваа оро станало интересна сценско-музичка изведба и карактеристичен народен обичај од овој крај кој се практикува и живее и во денешни денови.

Манифестацијата „Ѓура Мара“ поради својата специфика и оригиналност, влезе и во програмата за поддршка на културата на општина Гевгелија, а годинава покровител на манифестацијата е и Министерството за култура на Република Македонија.


 



 

Грипот како да не' одминува со само 36 заболени во Гевгелија

Во Македонија близу 8.500 заболени, а во Гевгелија само 36 заклучно со февруарскиот изваштај на Центарот за јавно здравје 

Повеќе

Што наследуваат децата од татковците

Од сите случајни наследни сличности само четири особини се директно наследени од татковците, а за тоа се пресудни гените

Повеќе

Разговорот сам со себе не е лудост

Стручњаците велат дека разговорот помага на умот да се фокусира на задачата што ја извршува во моментот, а да ги игнорира работите кои му го одвлекуваат вниманието 

Повеќе

Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.