Топ Новости >


Промоцијата на книгата „111 тези за ГТЦ“, уредена од Ивана Васева и Филип Јовановски, ќе се одржи во четврток (23 април 2015г.) во Мобилна/ монтажна галерија на Центарот за современи уметности (Парк на франкофонија во Скопје), со почеток од 11 часот.
Публикацијата ќе ја промовираат нејзините уредници и професорот и архитект Мартин Гулески. Книгата е издадена од Здружението за култура и уметност ФРУ - Факултет за работи што не се учат.

Оваа публикација произлезе од читачката и дискусиона група насловена „ЧИТАМЕ ЗГРАДИ: ГТЦ КАКО КНИГА“ која се одржа на 29 ноември, 2014 год. во Младински културен центар во Скопје, во рамки на долгорочниот проект „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“.

Книгата е делумно транскрипт на тaа средба, чија цел беше исчитување на Градскиот трговски центар во Скопје. „111 тези за ГТЦ“ е книга создадена од стручни мислења за значењето на овој објект поставени во 11 тези од вкупно 11 значајни мислители на современата архитектонска сцена во земјава (двајца заедно пишуваат 11 тези), и е едитирана со помош на сите учесници и со модераторот на дискусијата. Во книгата се застапени текстови и размислувања од архитектите Минас Бакалчев, Доминика Бошкова, Јасна Стефановска, Ана Ивановска – Дескова, Михајло Зиноски, Дејан Ивановски, Мишко Ралев, Даница Павловска, историчарите на уметност Донка Барџиева – Трајковска и Никола Писарев, како и антропологот Горан Јанев.

Преку исчитувањето на зградата на Градски трговски центар, се стимулира обид одново да се потенцира, преиспита и да и се понуди заштита на нејзиното несомнено културoлошко, општествено и уметничко значење, коешто во последните години има за цел да се избрише, буквално и физички од македонската култура, со интенцијата за нејзино, речиси варварско покривање со „барокна“ фасада. И оттаму, читањето на ГТЦ како книга е обид за оживување на неговата пред сé општествена но и уметничка вредност.

Насловот „111 тези за ГТЦ“ е директна референца на книгата „111 тези за архитектурата“ на Борис Чипан и симболичен чин, потсетувајќи на некои вредности коишто не само што се забораваат по природен пат, туку и намерно се бришат преку препокривање со нови, непознати и еклектични стилови, без никаква уметничка вредност.

 


Грипот како да не' одминува со само 36 заболени во Гевгелија

Во Македонија близу 8.500 заболени, а во Гевгелија само 36 заклучно со февруарскиот изваштај на Центарот за јавно здравје 

Повеќе

Што наследуваат децата од татковците

Од сите случајни наследни сличности само четири особини се директно наследени од татковците, а за тоа се пресудни гените

Повеќе

Разговорот сам со себе не е лудост

Стручњаците велат дека разговорот помага на умот да се фокусира на задачата што ја извршува во моментот, а да ги игнорира работите кои му го одвлекуваат вниманието 

Повеќе

Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.