Топ Новости >

Ван Гог и Пол Гоген сликани заедно

  • Недела, Мај 03 2015


Ретка и раритетна фотографија, пронајдена од еден француски колекционер, е направена од анонимен фотограф во близина на дом со бројот 96 на улицата Бланш. На тоа место во периодот кога е настаната снимката се наоѓала салата за репетиции на театарот „Либр“. Овој кварт се наоѓа во подножјето на париски Монмартр, и е недалеку од местото каде што тој период живеел Ван Гог. Експертот смета дека снимката е направена најверојатно во декември 1887 година, односно во периодот на интензивните уметнички експериментирања на Ван Гог и Гоген.

Оваа единствена фотографија ќе биде понудена на наддавање, коешто ќе се одржи на 19-ти јуни во белгиската галерија „Романтична агонија“, специјализирана за ретки фотографии, графики и стари книги. Се очекува дека споменатата фотографија со димензии 88 на 119 милиметри, ќе достигне цена меѓу 120 и 150 илјади евра.

Автентичноста на фотографијата ја потврди францускиот експерт за раритети Серж Плантјуро.

Воопшто се смета дека фотографии на кои е Винсент Ван Гог се многу ретки. Досега се познати само две, и тоа направени во неговите млади години. Серж Плантјуро ја добил за вештачење споменатата фотографија, од жена колекционер која поседувала уште неколку стари фотографии и цртежи и сакала да ја потврди нивната автентичност. Плантјуро, инаку, минатата 2014 година се прослави откако откри ретка фотографија на големиот француски поет и новинар Шарл Бодлер.

На конкретната снимка има вкупно шест лица. Меѓу нив експертот тврди дека е препознатлив Пол Гоген, облечен во типично за него широки бретонски панталони, со шапка со каква е овековечен на многу негови портрети.

Проучувајќи ја натаму снимката, Плантјуро забележал дека еден од снимените многу наликува на Винсент ван Гог, кој е препознатлив по многу пошироката долна вилица. Но експертот смеа дека триаголната форма на лицата на Ван Гог, добро познато од автопортретите, се должи на тоа што тој многу рано ги извадил сите заби, а на постари години ставил вилици што го променило неговиот изглед.

Ван Гог и Гоген на фотографијата седат на маса, а меѓу другите лица експертот препознал уште еден познат уметник, Еми Бернар. На фотографијата е и еден помалку познатиот сликар, бретонецот Феликс Арман Жобе-Дувал.

 


Грипот како да не' одминува со само 36 заболени во Гевгелија

Во Македонија близу 8.500 заболени, а во Гевгелија само 36 заклучно со февруарскиот изваштај на Центарот за јавно здравје 

Повеќе

Што наследуваат децата од татковците

Од сите случајни наследни сличности само четири особини се директно наследени од татковците, а за тоа се пресудни гените

Повеќе

Разговорот сам со себе не е лудост

Стручњаците велат дека разговорот помага на умот да се фокусира на задачата што ја извршува во моментот, а да ги игнорира работите кои му го одвлекуваат вниманието 

Повеќе

Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

 

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.