Топ Новости >

Лицитација за спомениците Скопје 2014

  • Петок, Мај 22 2015


Во кампот на „Граѓаните за Македонија“ кој од 17 мај е подигнат пред Влада на РМ, беше организирана дебата во која провејуваше заклучокот дека „Најголемо зло е да живееш на трошок на идните генерации“. Во разговорот учествуваа режисерот, извршен директор на ФООМ и граѓански активист Владимир Милчин и српскиот режисер Златко Паковиќ. Беше предложено во кампот да се организира лицитација на спомениците и објектите од проектот „Скопје 2014“ за да се утврди нивната вистинска вредност. Оваа идеја ја предложи граѓанин откако Милчин рече дека е време да престанат да се поставуваат прашања за нерешените проблеми, туку да се предложат некакви решенија, известува А1он.

Паковиќ, пак, се осврна на големите трошоци кои ги наметна овој урбанистички проект зад кој стои владејачката партија, но и неговата идеалистичка природа.



– „Најголемо зло е да живееш на трошок на идните генерации. Тие ќе мораат да рушат, за нешто да изградат“, – посочи тој.

Според него проектот делува како сет на некој холивудски мегаспектакл, во кој реквизитите останале на своето место и после снимањето.

Извршниот директор на Фондација отворено општество, Владимир Милчин, на денешниот разговор со српскиот режисер Златко Паковиќ во кампот пред Влада, сликовито ја долови политичката безизлезност во Македонија сакајќи да покаже како изгледа театарот на германскиот драматург Бертолт Брехт.

На прашањето од публиката што ќе се прави во иднина со бројните споменици, кои народот не ги прифати, Милчин предложи дека е време да се даваат идеи така што во кампот ќе се постави кутија за ливчиња на кои граѓаните ќе ги запишат своите предлози.



– „Треба да се поместиме од пасивните позиции така што нема да прашуваме повеќе, туку ќе дадеме некакви одговори. Може ќе се појави нешто луцидно, некој мудар предлог. Второ што е многу важно е што прашањето не е колку долго ќе бидеме овде, туку што ќе направиме со самите себе во времето додека сме овде, како ќе го искористиме тоа време. Затоа што ако излеземе од овде исти, грешката ќе се повтори“, – порача тој.

Видеото е позајмено од А1он

 


Грипот како да не' одминува со само 36 заболени во Гевгелија

Во Македонија близу 8.500 заболени, а во Гевгелија само 36 заклучно со февруарскиот изваштај на Центарот за јавно здравје 

Повеќе

Што наследуваат децата од татковците

Од сите случајни наследни сличности само четири особини се директно наследени од татковците, а за тоа се пресудни гените

Повеќе

Разговорот сам со себе не е лудост

Стручњаците велат дека разговорот помага на умот да се фокусира на задачата што ја извршува во моментот, а да ги игнорира работите кои му го одвлекуваат вниманието 

Повеќе

Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.