Топ Новости >

Стефан Марковски - добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во Хрватска

  • Петок, Ное 03 2017


Македонскиот писател Стефан Марковски е единствениот македонски претставник на овогодинешното 10-то јубилејно издание на тридневниот поетски фестивал „Денови на пријателите на книгата“ во Риека, кој ќе се оддржи од 9 до 12 ноември годинава.

Според фестивалската програма, на првиот фестивалски ден (9.11) во 18:00 во просториите на Македонското културно друштво „Илинден“ е предвидена промоција на двете последнообјавени дела на младиот македонски автор пред хрватската публика: поетската збирка „Сиво сјаат вселените“ и збирката раскази „Смртта долетува насмевната“.

Обете книги на Марковски се неодамна наградени, поетската со наградата „Бели мугри“ за најдобар необјавен поетски ракопис за 2016-та, додека пак, збирката раскази со наградата „Крсте Чачански“ (2017).
Токму за втората на Марковски ќе му биде врачена наградата „Книжевно перо“ за книга на годината вон изданијата на Хрватското книжевно друштво.

Марковски (26) е автор на 10 објавени прозни, поетски и есеистички дела, како и неколку сценарија, и е актуелен уредник на првото македонско списание за литература „Современост“.

Фестивалот „Денови на пријателите на книгата“ се оддржува од 2007 година во организација на Хрватското книжевно друштво (ХКД) од Риека.

Покрај промоцијата на двете дела, предвиден е и поетски настап на Марковски со поезијата застапена во новиот број на „Книжевно перо“, книжевното списание во издание на ХКД.

 


Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

Перформанс за деца „Ова не е сон“ во Гевгелија

Колектив Ветерница“ од Скопје во рамките на новиот културен бран поддржан од Министерството за култура на РМ, гостува со перформансот наменет за деца гостува во Гевгелија

Повеќе

Ликовната секција од ООУ „Крсте мисирков“ меѓу 5-те најдобри на меѓународна

Во силна конкуренција од 50 ликовни секции од Балканот, „Ајфеловата кула од капачиња“ го привлече вниманието и на публиката и на жирито 

Повеќе

Стефан Марковски - добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во

„Книжевно перо“ за младиот гевгелиски поет за книга на годината вон изданијата на Хрватското книжевно друштво

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.