Топ Новости >

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

  • Недела, Дек 10 2017


Старата троспратна зграда на „Радио Гевгелија“, (над слаткарницата „Шар планина“) објектот наречен „Андреев конак“, до него близу „Кангов конак“ и некогашниот хотел „Отоман“, сите во централното градско подрачје на Гевгелија, со одлука на Министерството за култура се прогласени за „споменици на културата“ бидејќи претставуваат важност за амбиенталната градска архитектура на овие простори.

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на локалната власт која во изминатите три советнички состави, со вкупно 11 годишен мандат носеше програма за реставрација на фасадите на овие објекти и до ден денеска истите не ги изврши. Одвоените средства во изминатите 11 по ред буџети на Општината, редовно, при крајот на буџетската година биваа пренаменети во друга буџетска ставка, заради недостаток на приходи.

Годинава, при проектирањето на Буџетот за 2018 година, на четвртата седница на Советот на општина Гевгелија, во Буџетот повторно се најде ставка од 1.200.000 денари наменети за реализација на годишната Програма за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општината кои сведочат за историското, духовното и културно минато на овие простори.

Следејќи ги руинираните фасади на споменатите објекти да се надеваме дека после 11 години админстративно препишување на оваа годишна програма за заштита на културното наследство во општината, оваа локална гарнитура ќе најде сили и средства за реставрација на фасадите на овие објекти за да не бидат пишувани и препишувани како буџетски програми, а на улица да ни' паѓа малтер и тули од нивните незаштитени градби.

За реализација на програмата надлежен е Градоначалникот на општина Гевгелија, а истата беше изгласана од страна на советничкото мнозинство, на седница на Советот на општината одржана неделава на 7-ми декември.

Останува впечатокот дека изманипулираните граѓани кои се даночни обврзници и полначи на буџетските каси како на локално, така и на централно ниво, после неколкугодишните епизоди од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, чии нарачатели се на обвинителна клупа, немаат сили и желба за нови индивидуални инвестирања, за нови идеопоклоници.  Така, во оваа програма за 2018 отсуствува ставката за изработка на спомен бисти на д-р Александар Синѓер, на поетот и уметник Илија Џаџев и на опеаниот Леонид Јанков (од познатата „Трба, трби гевгелиско“), кои изминатите 11 години „се влечкаа“ од година во година во секоја Програма за заштита на споменици на културата за општина Гевгелија. 

Проштевајте Синѓер, Џаџев, Леониде. Гевгелија Ве памети и не Ве заборава, ама прво треба да ги залечи раните од корумпираните културни проекти од кои минатата власт испумпа милиони буџетски средства за сјај, кич и лумперај.

 


Промоција на збирка поезија "Јужен глас" во Гевгелија

Гевгеличанката Лилјана Пецова Илиеска, неодамна издаде свој поетски првенец, збирката поезија „Јужен глас“ која утревечер ќе и' ја претстави на својата публика од каде што потекнува, и од каде што ги

Повеќе

Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци

Двовековната традиција со моминското оро „Ѓура Мара“ утревечер во Миравци

Повеќе

Велигденски венец со суво грозје

За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го овој традиционален велигденски украсен десерт

Повеќе

Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст

По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија

Повеќе

Бенкси со протестен графит

Бенкси преку графит бара ослободување на курдската сликарка од Турција Зехра Доган

Повеќе

АХВ апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга

Повеќе

Акаденсмиот хор „Керес“ од Солун ќе гостува во Гевгелија

По повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора

Повеќе

Осмомартовски концерт за Денот на жената

„Љубов низ арија ти подарувам“ е празничниот проект на Општина Гевгелија поддржан од Министерството за култура на РМ, посветен на Меѓународниот Ден на жената

Повеќе

Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот

Ничевски: Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините од културниот живот во

Повеќе

Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош

Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари наменет за активностите на 54 културни состави, групи и поединци

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.