Топ Новости >

Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци

  • Понеделник, Апр 09 2018


Утревечер, на третиот ден од Велигден во гевгелиското село Миравци се одржува народната традиција „Ѓура Мара“ стара околу двесте години. Некогаш на сред село, а деновиве на плоштадот пред Домот на културата ќе се изведуваат сплет од народни ора од организаторот на манифестацијата, КУД „Танец“ од Миравци кој годинава слави забележителен јубилеј, 85 години од своето формирање и постоење. Врв на програмата е секако, традиционалниот народен обичај од овој крај, орото „Ѓура Мара“ посветено на вистинска случка со спасувањето на грабнатата убавица Мара од турски воен намесник во тој крај.

Убавата мома Мара била грабната од орото додека играла со девојките од селото, на селскиот настан посветен на Велигденските празнувања, на трет ден од Велигден. Непокорни на настанот, братот Ѓуро, заедно со другарите тргнал по грабнувачите да ја врати сестра си таму кај што припаѓа, во селото, меѓу селаните, со момите, на орото. Борбата не била рамна со наоружаните турски војници и намесникот кој ја бендисал Мара за себе. Во тешка борба Ѓуро загинал, а Мара била вратена во селото. Оттогаш во селото на третиот ден од Велигден се игра само моминско оро, а постарите жени со стапови ги бранат девојките од машките лица кои сакат да се фатат на орото.

Фото: Моминското оро „Ѓура Мара“ изведено од членки на КУД „Танец“ од Миравци, заедно со постарите жени кои го бранат орото од машките. Карактеристично е што сите се облечени во домашни автентични носии сочувани од своите предци, направени од вредните раце на миравчките жени 

Со времето ова оро станало интересна сценско-музичка изведба и карактеристичен народен обичај од овој крај кој се практикува и живее и денес.

На манифестацијата годинава ќе се придружат и гости, членови на културно уметнички друштва од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска, со што манифестацијата ќе добие и меѓународна димензија. Гостинските друштва КУД "Паја Зариќ" од општина Инџија, (Србија), Домот на култура "Димо Николов 1908" од град Черноморец, (Бугарија), Културно уметничките друштва од Јабланица, (БиХ) и Копривница, (Хрватска) ќе имаат свои програмски настапи пред платото на Домот на културата во Миравци.

Почетокот на манифестацијата е во 19 часот, вторник, 10 април.

Фото: Богатата културна програма е празник за селото и за сите гости и намерници кон Миравци на третиот ден од Велигден 

Вредните домаќини, во духот на празничните одбележувања, ги дочекуваат гостите и публиката со традиционалните обејежја: вапсани јајца, баклава и други домашни локални специјалитети.

Манифестацијата „Ѓура Мара“ годинава е поддржана од Општина Гевгелија преку Програмата за финасирање на културни настани за 2018 година, како дел од вредностите кои го одбележуваат нашето културно поднебје и традиција.

 


Промоција на збирка поезија "Јужен глас" во Гевгелија

Гевгеличанката Лилјана Пецова Илиеска, неодамна издаде свој поетски првенец, збирката поезија „Јужен глас“ која утревечер ќе и' ја претстави на својата публика од каде што потекнува, и од каде што ги

Повеќе

Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци

Двовековната традиција со моминското оро „Ѓура Мара“ утревечер во Миравци

Повеќе

Велигденски венец со суво грозје

За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го овој традиционален велигденски украсен десерт

Повеќе

Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст

По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија

Повеќе

Бенкси со протестен графит

Бенкси преку графит бара ослободување на курдската сликарка од Турција Зехра Доган

Повеќе

АХВ апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга

Повеќе

Акаденсмиот хор „Керес“ од Солун ќе гостува во Гевгелија

По повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора

Повеќе

Осмомартовски концерт за Денот на жената

„Љубов низ арија ти подарувам“ е празничниот проект на Општина Гевгелија поддржан од Министерството за култура на РМ, посветен на Меѓународниот Ден на жената

Повеќе

Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот

Ничевски: Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините од културниот живот во

Повеќе

Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош

Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари наменет за активностите на 54 културни состави, групи и поединци

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.