Топ Новости >

Ново судско рочиште за смртта на родилката Кадиева

  • Недела, Мар 05 2017


Судењето за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, продолжи во Основен суд Велес, со сослушување на сведоците на одбраната. Педијатарот Ристе Дојранлиев раскажа што се случувало откако доцна вечерта, итно бил повикан да дојде во Гевгелиската Болница. За разлика од другите двајца сведоци, исто така доктори, тој посведочи дека анестезиологот мирисал на алкохол.

Бев повикан во 21,50 и за три минути бев во Болницата. Преку стаклото гледав што се случува во салата. Се обидуваа да реанимираат пациентка, која беше модра во главата и по градите. Интернистот д-р Мат со дефибрилатор беше над пациентката, а директорот д-р Јованов со масажа. Но жената беше почината. Не го видов анестезиологот д-р Ванчев во тие моменти, но кога гинеколозите за рекордно време 2-3 минути го извадија со царски рез бебето, јас и тој го реанимиравме. Бебето немаше срцева акција и не дишеше. Докторот Ванчев настапи брзо, но немаше резултат и тоа беше починато – изјави д-р Дојранлиев.

На прашање од обвинителката Славица Темелковски, тој посочи дека обвинетиот д-р Ванчев мирисал на алкохол. Спротивно на него интернистот д-р Патрик Мат и в.д директорот на ЈЗУ Општа болница Гевгелија кардиолог д-р Сретко Стојанов сведочеа, дека д-р Ванчев не мирисал и не бил во алкохолизирана состојба. Ова го предизвика оштетениот сопруг на родилката Димитрија Кадиев, јавно да ги прозве сведоците, дека лажат.

Има многу помошници на обвинетите кои сакат да им помогнат да ја избегнат одговорност. Тешко е да се слуша како некои лица се стават во функција на тие што ги направиле грешките. Не знам што душа имаат, кога бранат други за кои знаат дека згрешиле. Знаат дека докторите биле пијани а викаат не биле иако тоа го правеле со години. Преминуваат преку човечки животи. Јавно им кажувам, гревота е што го прават, каде ќе им оди душата оти лажат. Ми се гади од нивните изјави – рече оштетениот Димитрија Кадиев.

За одбраната на двајцата гинеколози, обвинетите Венци Чалков и Дончо Москов смртта на Кадиева е сплет на грешки во водењето на болницата.

Имаме сознанија дека обврската да се снимаат сите оперативни зафати, која била донесена пред настанот, не биле спроведена во пракса. Директорот тоа не го сторил. Понудивме документи со кои докторите реагирале на условите и апарати за работа, пред овој критичен настан. Или имало несоодветна апаратура и условите биле лоши за сите пациенти кои доаѓале во Болницата во Гевгелија. Директорот одговорите за овие документи ги одбегна со не се сеќавам и не знам – изјави адвокатот Борче Стојанов, застапник на обвинетиот д-р Венци Чалков.

Судењето продолжува во средината на април. Обвинети за смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе се гинеколозите струмичаните Венци Чалков (50 год) и Дончо Москов (59год) како и анестезиологот Томче Ванчев (56 год) од Гевгелија за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,. Кадиева и бебето починаа при породување во гевгелиската болница на 22 октомври 2015-та година.

Автор: Петре Печков

 


Апел за помош за малиот Игор од Богданци

Итно се бара помош за четиринаесет годишниот Игор Геленчев од Богданци кај кого е констатиран тумор на мозокот и крварење

Повеќе

Зврлевски замина во историјата

Јавниот обвинител Марко Зврлевски денеска беше разрешен во Собранието со 64 гласа „ЗА“ и ниту еден против

Повеќе

Гевгелискиот затвор со нов директор

67 новоименувани директори од Владата стапуваат од денеска на функција

Повеќе

Новиот пазар во Гевгелија поскап за цели 300 илјади евра

Прес на ОО СДСМ Гевгелија

Повеќе

Џафери денеска распиша локални избори за 15 октомври

Кампањата почнува 20 дена пред изборите, а Собранието во тој период ќе работи

Повеќе

Именувани нови 47 директори на здравствените установи во државата

Д-р Митко Крџев е новиот дирекор на ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија, а Д-р Љуба Цилкова на Психијатриската Болница Негорци. Официјално министерството ги смени директорите на клиниките во Скопје и во

Повеќе

Апелација одлучи - Снимките за шамарите важат како доказ

Апелација ја прифати жалбата на СЈО прислушуваните материјали можат да се користат како доказ во постапката за настаните пред Општина Центар

Повеќе

Ван Хојте смета дека е избрзано одржувањето на локалните избори

„Датумот на локалните избори треба да биде само црешата на колачот која ќе се стави дури откако сите други прашања ќе бидат разрешени“ Ван Хојте

Повеќе

Нема повеќе пријавување данок на шалтер

Управа за јавни прходи започна со подготовка на проектот со кои ќе ги ослободи граѓаните од поднесување на даночни пријави

Повеќе

Се реди новиот градски пазар

На еден ден пред закажаното отварање на новиот градски пазар во Гевгелија хаотична ангажираност на 20-тина градежни работници

Повеќе

 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.