Топ Новости >

Поетската книга „In Nomine“ од Стефан Марковски

  • Понеделник, Мар 20 2017

 


 

Промовирана петтата поетска збирка на младиот гевгелиски поет и писател Стефан Марковски, првиот гевгелиски лауреат на УНЕСКО за млад талентиран автор преку „Меѓународниот фонд за промоција на културата“ со доделена маграда во декември 2016.

Неговото најново дело содржи 41 песна и е дел од едицијата „Ѓерѓеф“ на издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје.

- Во „In Nomine“, Стефан Марковски не ја следи главната поетичка структура на неговата генерација, во која доминира иронијата како основна стилска фигура и светоглед на реалноста. Напротив, тој е склон кон чисто лирскиот асоцијативен тип поезија - пишува во освртот кон оваа книга рецензентот и промотор Ефтим Клетников.

Марковски во декември минатата година ја објави својата четврта поетска збирка насловена „Сиво сјаат вселените“ со која ја доби наградата „Бели мугри“ на Домот на културата „Кочо Рацин“ за необјавена поетска збирка од автор до 35-годишна возраст.

Првиот настап на литературната сцена, Марковски го направи со романот “Еднонасочно”(2009). Покрај овие дела, неодамна, во 2015 г. го објави и првиот драмски текст, и збирка раскази, насловени како “Продавачот на ветар и магла и други приказни”. Пишувал и книги од областа на филозофијата и психологијата: „Хиерархиска еволуција на свеста“(2012), Мета(де)конструкција и општа филозофија“(2012), „Среќата е глагол“ (2013).


 

Грипот како да не' одминува со само 36 заболени во Гевгелија

Во Македонија близу 8.500 заболени, а во Гевгелија само 36 заклучно со февруарскиот изваштај на Центарот за јавно здравје 

Повеќе

Што наследуваат децата од татковците

Од сите случајни наследни сличности само четири особини се директно наследени од татковците, а за тоа се пресудни гените

Повеќе

Разговорот сам со себе не е лудост

Стручњаците велат дека разговорот помага на умот да се фокусира на задачата што ја извршува во моментот, а да ги игнорира работите кои му го одвлекуваат вниманието 

Повеќе

Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.