Топ Новости >

Ликовната секција од ООУ „Крсте мисирков“ меѓу 5-те најдобри на меѓународна изложба

  • Вторник, Ное 14 2017


 

Во силна конкуренција од 50 ликовни секции од Балканот, учениците од ликовната секција при ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија со својот проект се пласираа меѓу петте најдобри.
За таквиот пласман придонесе нивниот импозантен труд - Ајфелова кула висока три метра, а несекојдневноста на делото е што таа беше направена од над 3.000 пластични капачиња од сокови.
За тимскиот труд на 18 члената екипа млади уметници, заслужен е и нивниот ментор, наставникот по ликовно воспитување Михаил Петров. 

Експонатот го заслужи своето забележително место и внимание на изложбата на детки творби органзирана под мотото: „Творење и креирање дела од отпад од пакување“,  што ја организираа Колективниот постапувач со пакување и отпад од пакување „Еуро-екопак“ во соработка со Детскиот ликовен центар Скопје и Градското Здружение на ликовни педагови од Скопје.

Заради својата димензионалност и впечатливост !Ајфеловата кула од капачиња“ се најде и на насловната страница од каталогот за изложбата, што е секако дополнителен успех на ликовните творци од ученичките клупи на гевгелиското основно училиште.
Манифестацијата имаше меѓународен карактер со учество на ликовни секции од основни училишта од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и привлече повеќе од 500 учесници и посетители.
Поставката на Изложбата беше отворена во Галеријата на Кинотека на Македонија.

Несекојдневниот експонат ги краси просториите на  ООУ „Крсте Мисирков“ како потсетник дека и отпадот може да биде искористен, а идејата инвентивно искористена за едно убаво здружно уметничко создавање.

 


Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

Перформанс за деца „Ова не е сон“ во Гевгелија

Колектив Ветерница“ од Скопје во рамките на новиот културен бран поддржан од Министерството за култура на РМ, гостува со перформансот наменет за деца гостува во Гевгелија

Повеќе

Ликовната секција од ООУ „Крсте мисирков“ меѓу 5-те најдобри на меѓународна

Во силна конкуренција од 50 ликовни секции од Балканот, „Ајфеловата кула од капачиња“ го привлече вниманието и на публиката и на жирито 

Повеќе

Стефан Марковски - добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во

„Книжевно перо“ за младиот гевгелиски поет за книга на годината вон изданијата на Хрватското книжевно друштво

Повеќе

Бабичката која го разубави селото

Деведесет годишната Анежка го разубавува своето мало село цртајќи цвеќиња по куќите

Повеќе

Унковски со "Соништа на Ајнштајн" во Белград

Премиерата на претставата е закажана за 15 октомври 2017 во Југословенското драмско позориште, во Белград

Повеќе

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.