Топ Новости >

Перформанс за деца „Ова не е сон“ во Гевгелија

  • Вторник, Ное 21 2017

 



 

„Колектив Ветерница“ од Скопје во рамките на новиот културен бран поддржан од Министерството за култура на РМ, гостува со перформансот наменет за деца во народниот театар во Гевгелија.

„Ова не е сон“ е танцова приказна за виртуелниот свет во кој блиску се испреплетуваат возможното и невозможното, реалноста и илузијата, сонот и јавето, вистината и лагата, свесното и несвесното, чекањето и очекувањата, јас и ние, тие и вие и сите ние. Дојдете да се погледнеме со други очи, низ искреноста на децата и да се насмееме на нашата човечка несмасност, порачуваат од Колектив Ветерница.

За својот нов труд велат дека претставува перформанс кој е резултат на работата во рамките на редовните часови по танцов театар со деца од 6 до 12 години.

„Низ процесот на работа храбро ги истражувавме границите на нашето заедничко создавање почитувајќи ја индивидуалноста како основата на здружувањето, но исто така и нашите капацитети и волја за негување на танцовиот театар.“ Сонувајте будни е пораката на Колектив Ветерница со која ја испишуваат својата работа и упатуваат отворена покана до публиката во Гевгелија.

Настанот се организира во сабота 25.11.2017 во соработка со Дом на култура Гевгелија, а поканата до децата и нивните родители да го проследат овој нов момент од културните остварувања Колектив Ветерница ја упатува на интересен и свој оригинален начин:

На сабота - 25ти ноември - полетуваме кон Вселената!
Космодром: Дом на култура Гевгелија
Време: 19:00
Препорачана возраст: 8+
Влезот е бесплатен, но резервацијата на билети е задолжителна: на билетара, на меил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефоните 077 860 484 / 075 375 018

ЛИНК ОД НАСТАНОТ


 

Од утре Македонија под снег

За утре е најавено постудено време со врнежи од снег на целата територија на државата, особено во западните и јужните делови 

Повеќе

Ќе се дислоцираат и други споменици од Скопје 2014

Комисијата за ревизија на „Скопје 2014“ најавува нови дислокации на споменици

Повеќе

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, а Снежана Катарова е именувана за директор на ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

Повеќе

Закажана осмата седница на Совет на општина Гевгелија

Осмата седница на Советот закажана е за 28 февруари

Повеќе

Заев со почести пречекан во Германија

Црвен тепих и интонирана химна за почесниот гостин премиерот Зоран Заев во Германија

Повеќе

Крадците возвраќаат за мирниот празничен јануари

Во првите три недели од февруари на подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија регистрирани се 20 кражби

Повеќе

Заев утре на средба со Меркел

По средбата во Берлин, германската канцеларка и премиерот ќе одржат заедничка прес конференција

Повеќе

Српската Амбасадорка со Благодарница за општина Гевгелија

Амбасадорката Дивјак искажа уверување за понатамошно пријателство и соработка помеѓу двете земји и интерес за соработка на економски план

Повеќе

Две години условна за Ивона Талевска

Талевска нема да оди во затвор под услов во наредните четири години да не го повтори кривичното дело за кое беше обвинета

Повеќе

Ивона Талевска призна дека затајувала данок

„Признавам вина за дејствијата кои ми се ставаат на товар со обвинителниот акт на СЈО“

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.