Топ Новости >


Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита.

Ако не сте по сукањето кори, немајте гајле - рецептот е наменет за подготовка со готови кори.

Исечкајте ги ролованите кори на парчиња, како резанки од тесто. Половината од исецканите кори ставете ги во намрсено тавче за печење. Посипете со претходно подготвена смеса со спанаќ и урда, може и дробено сирење, даредете ситно исецкани ленти од кашкавал, попрскајте со масло за готвење и полејте со 1 дл минерална вода. Постапката повторете ја со остатокот од корите, спанаќот, маслото, минералната вода и сето полијте го со изматени јајца.

За подобро да се снајдете во кујната со рецептот, погледнете го видеото во прилог.

Добар апетит.

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.