Топ Новости >

Премиера “Од инат поинат, заинат“

  • Понеделник, Дек 04 2017


Актерот Мите Грозданов вечерва со премиера на претставата „Од инат, поинат, заинат ќе одбележи редок и вреден јубилеј - 50 години професионална дејност и 65 години учество во аматерскиот театарски живот во Македонија.
На текст кој го креираше сам и со настап во главната улога, Грозданов низ двочасовна интеракција со публиката, се осврнува низ кратка реминисценција на својот не само професионален живот, ами и низ тоа како и колку тој самиот се гледа во овие, но и во некои минати времиња…

А времињата зад него говорат дека оставил трага од преку 100 театарски премиерни изведби, од кои повеќето од половина се претстави во кои тој играл носечки ролји, со преку две ипол илјади изведби, дузина филмови, стотици радио и ТВ-драми.

Со оваа претстава која премиерно ќе излезе вечерва, се планира мини турнеја низ Македонија.


Мите Грозданов дипломирал на Театарската Академија во Белград, за веднаш по дипломирањето да стане дел од Драмскиот театар Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле. По  неа следувале и други: Награда „Млад Борец“; Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“; Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“; во 1984 година бил прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“.

Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остваруваше со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од декември 2008 е пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје.

Премиерата на јубилејната претстава е на сцената на неговиот матичен театар, со почеток во 20 часот.

 


Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

Перформанс за деца „Ова не е сон“ во Гевгелија

Колектив Ветерница“ од Скопје во рамките на новиот културен бран поддржан од Министерството за култура на РМ, гостува со перформансот наменет за деца гостува во Гевгелија

Повеќе

Ликовната секција од ООУ „Крсте мисирков“ меѓу 5-те најдобри на меѓународна

Во силна конкуренција од 50 ликовни секции од Балканот, „Ајфеловата кула од капачиња“ го привлече вниманието и на публиката и на жирито 

Повеќе

Стефан Марковски - добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во

„Книжевно перо“ за младиот гевгелиски поет за книга на годината вон изданијата на Хрватското книжевно друштво

Повеќе

Бабичката која го разубави селото

Деведесет годишната Анежка го разубавува своето мало село цртајќи цвеќиња по куќите

Повеќе

Унковски со "Соништа на Ајнштајн" во Белград

Премиерата на претставата е закажана за 15 октомври 2017 во Југословенското драмско позориште, во Белград

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.