Топ Новости >

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

  • Вторник, Дек 12 2017


Во рамките на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, денес Битолското Чупе беше во посета и на градинката „Детска радост“ во Гевгелија.

Во присуство на голем број насмеани дечиња, таа низ пригодна детска програма раскажуваше за важноста од зачувување на животната средина и стекнување здрави навики уште од најрана возраст.

Ова беше всушност осмата од вкупно 12 креативни и едукативни работилници, кои во текот на декември се одржуваат низ повеќе градинки ширум Македонија. Во претходниот период, тие во голема акција ги собираа празните амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму изработуваа разни корисни предмети.

Целта на овие работилници е децата да се стекнат со навики за рециклирање и грижа за природата, а истовремено да се поттикне и нивната хумана страна, бидејќи предметите кои тие ги изработиле на 23 декември ќе бидат изложени на голем предновогодишен хуманитарен базар на кој собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.

Хуманитарниот базар ќе има и пригодна детска програма, во која Битолското Чупе и Ивце Пивце ќе ја имаат главната улога, а истиот ќе се одржи во Веро Центарот во Скопје со почеток од 12 часот.

Претходно креативни работилници се одржаа во дел од градинките во Охрид, Битола, Скопје, Кавадарци и Пробиштип, а по посетата на Гевгелија, Битолското Чупе ќе патува и во Тетово и Куманово.

Инаку, Битолска млекара го најави „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ како голем пилот-проект кој ќе продолжи и во наредните години, сѐ додека не се опфатат сите деца од цела држава, со цел долгорочно да се влијае на навиките за зачувување на средината.

 


Првото новороденче во Гевгелија за 2018

Родено е здраво женско бебе од мајката Маја Атанасовска

Повеќе

Новогодишни колачи

Видео: Како да направите декорации на празничните колачи за новогодишните и божиќни празници

Повеќе

Битолското Чупе денес во посета на малите гевгеличани

Градинката „Детска радост“ во Гевгелија денеска е домаќин на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Повеќе

Изложба на урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот

Повеќе

Спомениците на културата во Гевгелија 11 години чекаат ред за реставрација

Грижата за нив изминатите 11 години беше „copy paste“ практика на минатата локална власт

Повеќе

Премиера “Од инат поинат, заинат“

Мите Грозданов со јубилеј - 50 години театарска дејност

Повеќе

Брза пита со спанаќ

Сезоната на спанаќот ќе ве натера да ја пробате оваа брза и лесна пита

Повеќе

Перформанс за деца „Ова не е сон“ во Гевгелија

Колектив Ветерница“ од Скопје во рамките на новиот културен бран поддржан од Министерството за култура на РМ, гостува со перформансот наменет за деца гостува во Гевгелија

Повеќе

Ликовната секција од ООУ „Крсте мисирков“ меѓу 5-те најдобри на меѓународна

Во силна конкуренција од 50 ликовни секции од Балканот, „Ајфеловата кула од капачиња“ го привлече вниманието и на публиката и на жирито 

Повеќе

Стефан Марковски - добитник на награда на меѓународен поетски фестивал во

„Книжевно перо“ за младиот гевгелиски поет за книга на годината вон изданијата на Хрватското книжевно друштво

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.