Неделава, по повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора на сцената на Народниот театар во Гевгелија со гости од Солун, Соседна Грција.
Концертот ќе има двојна симболика, соработка и пријателство меѓу Гевгелија и Солун и одбележувањето на двојните јубилеи на двата хора, 20 годишнината од постоењето на „Гортинија“ и 25 годишнината од постоењето и плодната уметничка активност на солунскиот хор „Керес“ од Грција.
Гостинскиот хор под диригентските палки на Елеонора Калетсиду и пијано придружба на Јанис Филипопулитис, со хористите од “Керес' ќе изведат инсерти од мјузиклот „Зорбас“. Домаќините од „Гортинија“ под диригентската палка на Илија Атанасов на концертот ќе изведат
госпели и фолк обработки.
Нашите хористи веќе познати на домашната публика, но и во регионот, зад својот дводецениски јубилеј испишуваат бројни признанија и награди на домашните, но и хорските фестивали во регионот и пошироко. Тие веќе имаа и свој концертен настап во Солун, од каде продолжува културната соработка и размена на хорски концертни гостувања.
Македонско-грчкиот концертен хорски настап е закажан за недела 18 март, со почеток во 19:30 часот, сцена народен Театар Гевгелија.
Промоција на збирка поезија "Јужен глас" во Гевгелија
Гевгеличанката Лилјана Пецова Илиеска, неодамна издаде свој поетски првенец, збирката поезија „Јужен глас“ која утревечер ќе и' ја претстави на својата публика од каде што потекнува, и од каде што ги
Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци
Двовековната традиција со моминското оро „Ѓура Мара“ утревечер во Миравци
Велигденски венец со суво грозје
За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го овој традиционален велигденски украсен десерт
Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст
По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија
Бенкси со протестен графит
Бенкси преку графит бара ослободување на курдската сликарка од Турција Зехра Доган
АХВ апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали
Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга
Акаденсмиот хор „Керес“ од Солун ќе гостува во Гевгелија
По повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора
Осмомартовски концерт за Денот на жената
„Љубов низ арија ти подарувам“ е празничниот проект на Општина Гевгелија поддржан од Министерството за култура на РМ, посветен на Меѓународниот Ден на жената
Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот
Ничевски: Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините од културниот живот во
Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош
Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари наменет за активностите на 54 културни состави, групи и поединци