Топ Новости >

Велигденски венец со суво грозје

  • Среда, Апр 04 2018


Во пресрет на Велигденските празници, додека траат секојдневните набавки и подготовки Ве потсетуваме на важноста на свечената Велигденска трпеза и можноста да ги обезбедите и направите барем најосновните обележја на истата, а тоа се вапсаните јајца и Велигденскиот венец.

Велигденскиот венец со суво грозје е традиционален во повеќе земји за оваа пригода, се разбира и во Македонија, и ако до сега не сте го подготвиле, пробајте го овој веќе испробан домашен рецепт од нашите мајќи, баби.

Потребни состојки:
- 500 грама брашно,
- 1 свеж квасец,
- 250 милилитри млако млеко,
- 100 грама шеќер,
- 1 лимон,
- 80 грама суво грозје,
- 1 ванилин шеќер,
- малку сол,
- 2 јајца,
- 100 грама путер.

За подмачкување ви се потребни 2 жолчки, а ако сакате можете да го украсите вашиот велигденски венец и со исецкани бадеми (40 грама) и секако, велигденски јајца.

Подготовка: Ставете го брашното во подлабок сад и во средината направете длабнатина. Во длабнатината ставете ги нараснатиот квасец и една лажица шеќер. Замесете го тестото и оставете го да стасува 15 минути. Размесете го тестото и додадете ги преостанатиот шеќер, ванилиниот шеќер, изренданата лимонова кора, јајцата, путерот и преостанатото млеко. Оставете го да стасува уште 15-тина минути, па додадете го сувото грозје свалкано во брашно.

Поделете го тестото на три еднакви дела и формирајте ленти со должина од 50 сантиметри. Од лентите направете плетенка и свиткајте ја во венец со пречник од 35 сантиметри. Венецот ставете го во немрснета тава обложена со хартија и оставете го да стасува 30-тина минути. Премачкајте го венецот со изматени жолчки и наросете го со исечкани бадеми (рендана чоколада, суво грозје, или по желба).

Печете 30-тина минути на температура од 170 степени.

Изладениот венец ставете го на чинија, а во средината празниот простор исполнете го со неколку обоени велигденски јајца.

Наздравје нека ви е и празникот и сладењето со новиот рецепт.

 


Промоција на збирка поезија "Јужен глас" во Гевгелија

Гевгеличанката Лилјана Пецова Илиеска, неодамна издаде свој поетски првенец, збирката поезија „Јужен глас“ која утревечер ќе и' ја претстави на својата публика од каде што потекнува, и од каде што ги

Повеќе

Велигденска манифестација Ѓура Мара во Миравци

Двовековната традиција со моминското оро „Ѓура Мара“ утревечер во Миравци

Повеќе

Велигденски венец со суво грозје

За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го овој традиционален велигденски украсен десерт

Повеќе

Почесно признание за гевгелиски средношколци на поетски фестивал во Трст

По повод светскиот ден на поезијата го одвојуваме достигнувањето на младите гевгелиски гимназијалци на меѓународниот фестивал на поезијата и литературата во Трст, Италија

Повеќе

Бенкси со протестен графит

Бенкси преку графит бара ослободување на курдската сликарка од Турција Зехра Доган

Повеќе

АХВ апелира: Не јадете црн дроб од дивеч, има тешки метали

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга

Повеќе

Акаденсмиот хор „Керес“ од Солун ќе гостува во Гевгелија

По повод одбележувањето на 20 годишнината од уметничката дејост што ја остварува градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе се одржи концертен настап на два хора

Повеќе

Осмомартовски концерт за Денот на жената

„Љубов низ арија ти подарувам“ е празничниот проект на Општина Гевгелија поддржан од Министерството за култура на РМ, посветен на Меѓународниот Ден на жената

Повеќе

Директорот на Домот на културата без програма за работа го бара Народниот

Ничевски: Душата на народот е во културата, а таа е во сериозна криза. Немаме финансиски средства, немаме простор, ниту потребен кадар во Домот на културата и сме на маргините од културниот живот во

Повеќе

Културна популаризација со четири милиони денари буџетска помош

Буџетскииот колач на Општина Гевгелија наменет за културата за 2018 година тежи четири милиони денари наменет за активностите на 54 културни состави, групи и поединци

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.