Топ Новости >

Во чест на Мурато ПД „Кожуф“ го искачи „Димев врв“

  • Вторник, Мај 16 2017


Традиционалниот марш Димитар Илиевски - Мурато и оваа година ги однесе гевгелиските планинари на висините на „Баба“ планина во чест на неуморниот планинар и алпинист од Битола, со искачување на највисокиот врв на планината Баба врвот „Димев врв“ 2601м. 

Димитар Илиевски - Мурато (29 септември 1953 Битола - 10 мај 1989 Непал)
— македонски алпинист, познат како првиот Македонец што ја има искачено највисоката планина во светот — Монт Еверест. Се искачил на 10 мај 1989 г., по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат.

Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.

Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги на Македонија.

Десет члена екипа на Планинарското Друштво Кожуф Гевгелија во петокот на 12-ти мај тргнаа кон Битола поточно село Нижополе кое се наоѓа во подножјето на планината Баба од каде беше и стартната позиција на планинарите. Попатно до Битола на Гевгелиските планинари им се приклучија и планинари од Неготино и Кавадарци од Планинарското Друштво „FREE HIKERS“, а во Битола им се приклучиле и планинарот од Грција заедно со уште една планинарка од Грција, со кој последните неколку месеци Планинарското Друштво „Кожуф“ има одлична соработка и заедно ги организираа акциите во Грција на Пајак Планина со искачување на врвот Гола Чука како и акцијата во Лутраки со искачување на врвот Сокол.

- „Откако пристигнавме во Нижополе по мала пауза и припрема тргнавме да ја реализираме зацртаната акција за тој ден, а тоа беше Нижополе - планинарски дом Големо Езеро 2218 м.н.в. (преку патеката Дебел рид). По пристигнување на планинарите во домот следеше едно прекрасно дружење со останатите планинари кои беа во домот, а ги имаше од повеке градови, каде и ноќевавме.
Следното утро сабота 13-ти од планинарскиот дом „Големо езеро“ се упативме кон искачување на „Димев врв“ 2601 м. Искачувањето се одвиваше преку Мало езеро, Партизански врв, Широко Стапало се' до врвот Димев. Кога пристигнавме под самиот врв каде што се спојуват двете патеки едната која ја одевме ние од Големо езеро и другата патека од кај Инфо Центарот и Палиснопје, по која беа тргнати поголемиот број на планинари кои пристигнаа во саботата, не' пречека силен ветер кој не следеше до самиот врв. И покрај силниот ветер по патеката се гледаше колона на упорните планинари кои се движеа кон врвот иако силниот ветер им го отежнуваше искачувањето“, вака го опишува последното планинарско патешествие еден од учесниците на Маршот посветен на Мурато, гевгелискиот планинар Ристо Каркалашев.

Така и оваа акција на П.Д.Кожуф заврши успешно, а двајца млади планинари од Неготино кои беа презадоволни од акцијата посакаа да станат членови на нашето планинарско друштво Кожуф и да продолжат заедно со нас да се дружат по планините, изјавуваат гордите гевгелиски планинари.

Од гевгелиското планинарско друштво потсетуваат дека деновиве започнаа и големите експедиции на дел од членовите на П.Д. „Кожуф“ за оваа година, па така двајца членови Горѓи Петков и Милена Карагонова во четвртокот на 11 мај им се приклучија на балканската експедиција „Атлас 2017“ и тргнаа за Африка поточно Мароко со цел да го искачат највисокиот врв на планината Висок Атлас врвот „Тубкал“ 4.167 м.н.в.

 


Македонски планинари искачија два врва на Витоша во Бугарија

Три македонски планинарски друштва се искачија на два врва од планината Витоша Бугарија

Повеќе

Шпанија првпат европски шампион во ракомет

После победата над Шведска, Шпанија за првпат на врвот на европскиот ракомет

Повеќе

Вечерва финале Шведска и Шпанија

Финалниот меч на тринаесеттото Европско ракометно првенство меѓу Шведска и Шпанија ќе се игра вечерва во 20:30 часот.
Претходно, од 18 часот за бронза ќе играат Франција и Данска

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Македонија останува без Кире на првенството

ЕХФ потврди дека првенството за Кире Лазаров е завршено

Повеќе

Вечерва Македонија против Шпанија

Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија се игра во почеток во 20:30 часот

Повеќе

Македонија одигра нерешено со Германија

Со резултат 25:25 Македонија вечерва се израмни во вредностите со актуелниот европски ракометен првак Германија

Повеќе

Поради „гакиците“ под шорцеви и чорапите Македонија казнета од ЕХФ

Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите. 1.000 евра има казна и за чорапите на дуелот со Словенија

Повеќе

Македонија со втора победа на EHF

Нови четири бода за македонската ракометна репрезентација со победата на репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство во Хрватска

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.