Викендот кој измина 22ри октомври Планинарското Друштво Кожуф Гевгелија го организираше традиционалниот, 13-ти по ред планинарски Меморијал „Димитар Кангов - Кангата“ со искачување на највисокиот врв на Кожуф планина врвот Зелен Брег 2.166 м.н.в.
Овогодинешниот меморијал беше и најпосетен до сега. На акцијата учествуваа 200 планинари и љубители на природата и тоа од повеќе планинарски друштва од Македонија: „Мамути“ од Прилеп, „Орле“ Кавадарци, „Ентузијаст“ Струмица, „Маратон“ Струмица, од членовите на уште три планинарски друштва од Неготино „Фрее Хикерс“, „Антигонеа“, „Серта“.
Планинарите акцијата ја започнаа во 8 часот со старт од местото Алчак па преку Таблата - Марково Езеро се искачија на врвот Зелен Брег 2.166 м. На врвот, домаќините со локум им честитаа на учесниците за реализацијата на акцијата, а беа доделени и благодарници за учесво на планинарските друштва на меморијалот, како и благодарници за најстариот и најмладиот учесник на истиот.
По завршување на искачувањето на врвот учесниците се вратија на краток одмор и топол чај во дворот на планинарскиот дом „Томе Шутов - Кротки“ кој се наоѓа во село Конско.
Меморијалот Кангата се реализира во чест на долгогодишниот планинарски активист и член на гевгелиското планинарско друштво, адвокатот
Димитар Кангов, кој пред 14 години ненадејно почина при учество на меѓународна планинарска акција за искачување на врвот Ѕена на Кожуф планина, што се наоѓа на територија на Република Грција.
Викендот кој измина Планинарското Друштво Кожуф имаше свои претставници и на акција во Црна Гора на планината Проклетие каде беа искачени врвовите Северни врв 2.460 метри и Очњак 2.136 метри. Акцијата беше во организација на Планинарски Клуб „Балкан“ Белград.
Периодот кој следува до крајот на оваа тековна година Планинарското Друштво „Кожуф“ Гевгелија ќе учествува на уште неколку акции, а во ноември месец на 19-ти, поради временските услови, е планирана последната акција од републички карактер за годинава во организација на гевгелиските планинари од ПД „Кожуф“.
http://gevgelijanet.com/index.php/2014-01-09-21-20-23/2014-01-14-19-28-17/item/2598-13-ti-planinarski-memorijal-kangata#sigProGalleria7c71792788
82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума
Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина
Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил
Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн
25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума
Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)
Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков
ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?
Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло
Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1
ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков
Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив
Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв
Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест
Реал во осмо последователно полуфинале
Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони
Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист
Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди
Д-р Петков - за седум дена на пола пат кон Еверест
Гевгелискиот патник до највисокиот врв на светот Монт Еверест, Д-р Ѓорги Петков денеска пристигна до кампот Гокио кој се наоѓа на 4.800 метри надморска висина на Хималаите