Топ Новости >

Фудбалерите со победа, кошаркарите со пораз

  • Понеделник, Окт 30 2017


Гевгелиските истоимени тимови „Кожуф“ со различни резултати на терен. Минатииот викенд фудбалерите славеа победа над Осогово со резултат 2 : 1, а кошаркарите на гостување во Охрид изгубија од домаќинската екипа со 15 поени разлика.

Фудбалскиот дуел од Втората фудбалска лига се одржа на градскиот стадион во Гевгелија. Публиката најнапред ја изненади голот на гостите од Кочани преку Тоше Манов. Сепак, имаа за што да навиваат и аплаудираат, по израмнувањето на резултатот на 1 : 1 во 33-та минута со погодокот на Лазаровски. Конечниот триумф и крајниот резултат беше постигнат со голот на Ристенски во 63-та минута кој и стави печат на победата на гевгелиски „Кожуф“.

Кошаркарската среќа на теренот за гевгелиската екипа на гостување во Охрид траеше само првото полувреме со резултат 40:35. Како по обичај, ко да ги губи силите за следните финални четвртини, кожуфци во третата четвртина го оставија домаќинот да доминира на теренот и да направи предност од 18:3, а пред самоит финиш во четвртата четвртина од средбата да ја запечатат победата со резултат 86:71.

Најмногу поени постигна стрелецот на охриѓани Крег (24), со поен помалку зад него беше Пејовиќ од „Кожуф“ (23). Следуваа Бери со постигнати 18 и Мишковиќ со 15 поени на теренот во Охрид.

 


82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)

Повеќе

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?

Повеќе

Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло

Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1

Повеќе

ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков

Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив

Повеќе

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест

Повеќе

Реал во осмо последователно полуфинале

Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Повеќе

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди

Повеќе

Д-р Петков - за седум дена на пола пат кон Еверест

Гевгелискиот патник до највисокиот врв на светот Монт Еверест, Д-р Ѓорги Петков денеска пристигна до кампот Гокио кој се наоѓа на 4.800 метри надморска висина на  Хималаите

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.