Топ Новости >

Македонски планинари искачија два врва на Витоша во Бугарија

  • Вторник, Јан 30 2018

 


 Три македонски планинарски друштва ПД „Кожуф“ од Гевгелија, „Ентузијаст“ Струмица и „Фрее фикерс“ од Кавадарци и Неготино викендов се искачија на два врва од планината Витоша Бугарија.

Целна дестинација на македонските планинари беше највисокиот Црн врв на висина од 2.290 м.н.в. на планината Витоша, планина која се наоѓа во непосредна близина на бугарската метропола Софија. Попатно беше искачен и врвот Камен Дел, кој се смета за еден од најубавите врвови на планината Витоша, бидејќи од неговата висина се гледа Софија како на дланка.

Искачувањето започна во недела на 28 јануари од планинарскиот дом „Борова Гора“ кој се наоѓа на височина од 1.708 м.н.в. Висинската разлика од 582 метри беше искачена под водство на планинарот од домаќинското друштво од Бугарија, Мирослав Спасов кој беше водич на трасата.

- „По предлог на водичот, а во согласност со сите планинари маршутата на движење беше изменета и наместо од врвот да се спуштиме на Планинарски дом „Алеко“, да направиме еден круг и да се вратиме повторно на планинарски дом „Борова Гора“.

Патеката по која се движевме првично се протегаше по прекрасна борова шума прекриена со снежна покривка, а потоа продолживме по чистина со снег која беше во недоглед до врвот, окако го искачивме највисокиот врв на Витоша направивме мала пауза во планинарскиот дом кој се наоѓа на самиот врв. Од највисокиот врв продолживме кон врвот Камен Дел. Од овде продолживме кон планинарскиот дом „Бор“ а отука кон првичното сместувалиште во домот Борова гора“, ги раскажува своите впечатоци гевгелискиот планинар Ристо Каркалашев.

Искачувањето на врвовите на планината Виташа беше изведена во целосна организација на Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија. На истата учествуваа 20 планинари, од кои 11 планинари од Гевгелија и уште 9-мина членови на планинарските друштва од Струмица, Неготино и Кавадарци, дочекани од локален планинар и познавач на висините на Виташа.. Водич на трасата долга 19 километри беше Ристо Каркалашев од ПД „Кожуф“, а му помагаше бугарскиот пријател на висините Мирослав Спасов од Софија.
Ова е првата меѓународна акција на која учествуваат планинари од ПД „Кожуф“ Гевгелија во новата календарска година. Следат уште многу висини за овие неуморни поклоници на искачувањата и природниот амбиент што го нудат планините во Македонија, Балканот и светот на кои планираат да учествуваат членовите на ПД „Кожуф“ во текот на годината.



 

Македонски планинари искачија два врва на Витоша во Бугарија

Три македонски планинарски друштва се искачија на два врва од планината Витоша Бугарија

Повеќе

Шпанија првпат европски шампион во ракомет

После победата над Шведска, Шпанија за првпат на врвот на европскиот ракомет

Повеќе

Вечерва финале Шведска и Шпанија

Финалниот меч на тринаесеттото Европско ракометно првенство меѓу Шведска и Шпанија ќе се игра вечерва во 20:30 часот.
Претходно, од 18 часот за бронза ќе играат Франција и Данска

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Македонија останува без Кире на првенството

ЕХФ потврди дека првенството за Кире Лазаров е завршено

Повеќе

Вечерва Македонија против Шпанија

Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија се игра во почеток во 20:30 часот

Повеќе

Македонија одигра нерешено со Германија

Со резултат 25:25 Македонија вечерва се израмни во вредностите со актуелниот европски ракометен првак Германија

Повеќе

Поради „гакиците“ под шорцеви и чорапите Македонија казнета од ЕХФ

Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите. 1.000 евра има казна и за чорапите на дуелот со Словенија

Повеќе

Македонија со втора победа на EHF

Нови четири бода за македонската ракометна репрезентација со победата на репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство во Хрватска

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.