Топ Новости >

Избрано ново раководство на ПД Кожуф Гевгелија

  • Сабота, Мар 17 2018

 



Шестдецениското постоење на ПД „КожуФ“ од Гевгелија продолжува со работа со подмладено раководство.
Изминатот понеделник највисокиот орган на друштвото, Собранието, се собра на Годишно собрание, кое покрај извештајниот карактер имаше и изборен чин. Беше избран нов Претседател на Собранието, Тоше Андонов, нов благајник - Аце Костадиновски (поранешен претседател на ПД „Кожуф“) и нов состав на Претседателство на друштвото кое брои девет членови  (Ристо Каркалашев, Александра Караманова, Владимир Павлов, Лазар Митров, Рајна Малевска, Драган Алчинов, Горѓе Петков, Васко Василев и Александар Маркудов).
Деветмината од претседателството два дена подоцна на првата конститутивна седница ги избраа за претседател на гевгелиското планинарско друштво Ристо Каркалашев, долгогодишниот планинар со 20 годишно членство и активност во друштвото, а за секретар на друштвото мнозинство гласови доби Александра Караманова, еден од помладите членови во друштвото со четиригодишно активно членство и повеќе изведени акции во Македонија и соседна Бугарија.

Сплотеноста на овие планинарски љубители, а со својот ентузијазам и решителност дури неуморни фанатици кон висините изненадува во секој поглед со нови акции, со своите претходни достигнувања (искачувања на врвови во Словенија, Грција, Италија, Србија, Иран...), награди (Златната плакета доделена од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија - Скопје, наградата „Даре Џамбаз“ за достигнувања во текот на 2017 од Планинарскиот Сојуз на Македонија и др.), но и планските активности планирани за 2018 година.
За утре, недела 18 март 21 члена екипа од гевгелиското планинарско друштво ќе зеде учество на акцијата за искачување на Ченгино Кале (1.745 мнв.) кое се наоѓа на Малешевските планини кај Пехчево.
Врв на достигнувањата за годинава ќе биде секако изведбата на планираната алпинистичка акција на д-р Ѓорѓи Петков за искачување на највисокиот врв на светот Монт Еверест.

 


Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)

Повеќе

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?

Повеќе

Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло

Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1

Повеќе

ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков

Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив

Повеќе

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест

Повеќе

Реал во осмо последователно полуфинале

Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Повеќе

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.