Топ Новости >

Реал Мадрид го освои пехарот на ЛШ

  • Сабота, Јун 03 2017


Со 4:1 над Јувентус Реал Мадрид се устоличи за победник на фудбалската Лига на Шампионите и носител е на 12-та титула од своето одиграно 15-то финале во кариерата на тимот. 

Шпанците ја изборија 17-та тутула во оваа ера вклучувајќи го и Купот на Шампионите.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во текот на својата богата кариера освои трофеј на ЛШ и како играч и како нивен тренер.

На Јувентус ова му е 7 пораз во 9-те одиграни финалиња. Најискусниот од нив голманот Буфон видно разочаран мислејќи дека добро одиграното прво полувреме ќе се повтори и во втората половина од натпреварот. Искусните познавачи во дилема дали тоа може да биде најава за крај на неговата кариера.

Првиот гол во мрежата на Јуве го смести Роналдо (20'), потоа врати Марио Манџукиќ (27'). Изедначената игра во првото полувреме од натпреварот ги држеа амбициите на двата клуба. Но, кралевите со доминантната игра во второто полувреме го „сомлеа“ своите противници. Касемиро во 61', Роналдо во 64' и Асенсио во 90 минута од финалето на ЛШ, со трите згодитоци во мрежата на искусниот Буфон, ја крунисаа 12-та победа на Реал Мадрид поставувајќи го на тронот од континентот.

 


82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)

Повеќе

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?

Повеќе

Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло

Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1

Повеќе

ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков

Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив

Повеќе

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест

Повеќе

Реал во осмо последователно полуфинале

Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Повеќе

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди

Повеќе

Д-р Петков - за седум дена на пола пат кон Еверест

Гевгелискиот патник до највисокиот врв на светот Монт Еверест, Д-р Ѓорги Петков денеска пристигна до кампот Гокио кој се наоѓа на 4.800 метри надморска висина на  Хималаите

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.