Топ Новости >

Кристијан Роналдо - најдобар фудбалер на годината

  • Понеделник, Окт 23 2017


„The Best“ наградата за најдобар играч која ја доделува ФИФА за 2017 година, повторно му припадна на мега – ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Португалецот собра повеќе гласови од конкурентите Лионел Меси од Барселона и најскапиот фудбалер, Нејмар. Роналдо сосема заслужено ја освојува оваа престижна награда, веќе втора година во низа, поради успесите со „кралскиот тим“, и сега се изедначува по бројот на награди со Меси, двајцата имаат по пет.

„Им благодарам за сите кои го дадоа својот глас за мене, сметам дека Меси и Нејмар исто така заслужуваат да се на ова место. Мило ми е што фудбалските „оскари“ се во Англија за прв пат, а јас втора година во низа ја освојувам оваа награда. Им благодарам на фановите за поддршката низ сите овие години поминати заедно со „кралското“ семејство“, изјави Роналдо.

Роналдо исто така по 11. пат се најде на подиумот меѓу најдобрите единаесет, заедно со соиграчите од тимот, Марсело, Серхио Рамос, Лука Модриќ и Тони Крос. Покрај петмината на Реал, во идеалниот тим беа одбрани и Леонардо Бонучи, Дани Алвеш, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Нејмар, и секако најдобриот голман за оваа година, Џиџи Буфон.

Наградата за најдобар голман за 2017 година оди кај Џанлуиџи Буфон. Чуварот на мрежата на Јувентус игра на високо ниво и во својата 39. година. Минатата сезона ја предводеше „старата дама“ до финалето на Лигата на шампиони, како и шетата титула во низа во Серија А.

Најдобар тренер според ФИФА  за 2017 година е францускиот стратег на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Екс-фудбалерот на „кралевите“ во улога на предводник од клупа го однесе тимот до одбрана на европскиот трофеј, и до самиот врв на Шпанија по пет години пауза, па сосема заслужено ја добива наградата за најдоабр стратег пред  тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри и менаџерот на Челси, Антонио Конте.

Зинедин Зидан со овогодинешната награда „The Best“ ја испишува историјата, зошто четири пати ја добива наградата на ФИФА , и тоа три пати како играч и сега како тренер на кралевите.


Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Македонија останува без Кире на првенството

ЕХФ потврди дека првенството за Кире Лазаров е завршено

Повеќе

Вечерва Македонија против Шпанија

Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија се игра во почеток во 20:30 часот

Повеќе

Македонија одигра нерешено со Германија

Со резултат 25:25 Македонија вечерва се израмни во вредностите со актуелниот европски ракометен првак Германија

Повеќе

Поради „гакиците“ под шорцеви и чорапите Македонија казнета од ЕХФ

Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите. 1.000 евра има казна и за чорапите на дуелот со Словенија

Повеќе

Македонија со втора победа на EHF

Нови четири бода за македонската ракометна репрезентација со победата на репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство во Хрватска

Повеќе

Македонија со победа против Словенија го стартуваше Европското првенство

Со само гол разлика од 25:24 македонските ракометари одиграа импресивна победа над третопласираните од минатото Светско првенство, Словенците

Повеќе

Мајкл Џордан - најбогатиот спортист на сите времиња

На листата топ 10 најбогати спортисти во светот водат голферите (4-ца на број), 3-ца кошаркари и по еден фудбалер, возач на формула и боксер

Повеќе

ПД Кожуф добитник на Плакета од ФПСМ

По повод Светскиот ден на планината 11 декември, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија вчера во Скопје додели Признание „Даре Џамбаз“ за долгогодишна активност и придонес за развивање на

Повеќе


 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.