Топ Новости >

Три меѓународни акции на ПД „Кожуф“ Гевгелија

  • Петок, Авг 18 2017


Последните четири месеци од годината шесторица гевгелиски планинари во учество ма меѓународни акции успеаја да искачат пет меѓународни планински врвови во Иран, Мароко и Италија.

Планинарското Друштво Кожуф Гевгелија за оваа година според годишната програма на активности на друштвото имаше зацртано неколку поголеми акивности на меѓународен план. Па така во мај месец двајца наши членови Ѓорги Петков и Милена Карагонова учествуваа во искачување на врвот Тубкал 4.167 м.н.в. кој се наоѓа во Мароко и е највисок врв на планината Висок Атлас, за во јули месец да следи експедицијата на Алпите во Италија и Франција каде учествуваше нашиот член Ѓорги Петков и беа искачени врвовите Гроссвенедигер 3.666 м.н.в., Гран Парадизо 4.061 м. и Мон Блан 4.807 м.н.в., за на крај од месец јули да следи најголемата акција на Планинарското Друштво Кожуф Гевгелија за оваа година, а тоа беше Планинарската Експедиција ДАМАВАНД 2017 Иран.

Експедицијата ДАМАВАНД 2017 беше составена од 18 планинари од Македонија, Србија, Бугарија и Босна. Македонската екипа во оваа експедиција броеше четири планинари од кои тројца беа членови на П.Д. „Кожуф“ Гевгелија, и тоа Каркалашев Ристо, Карајкова Љубица и Никова Петранка, додека четвртиот македонски планинар беше од Струмичкото планинарско друштво „Ентузијаст“, Благој Ѓузелов.
ДАМАВАНД е највисока планина во Иран, која е од особено значање во персиската митологија и фолклор. Се наоѓа во средината на венецот Алброз и претставува највисок вулкан во Азија, кој се смета за потенцијално активен поради фумаролите кои се наоѓат близу кратерот на врвот од кои излегува сулфур. Планината е сместена недалеку од јужниот брег на Каспиското езеро, во округот Амол, Мазендеран на одалеченост од 66 км од главниот град на Иран, Техеран.
Планината има особен статус во Персиската митологија, а во персиската книжевност претставува симбол на отпорот против ненародните угнетувања на тугите сили. Поетот Фирдоуси ја опишува случката во епското рамек-дело Шахнаме (книга за царевите) каде се вели дека самата планина има волшебна моќ.

Ова се географските и историските подготовки на гевгелиските планинари за местоположбата и важноста на последниот нивен поход. Експедицијата го започна своето патешествие од 28 јули на Белградскиот аеродром каде било зборното место за сите учесници од четирите балкански земји: од Македонија (4), Бугарија (2), Босна (4) и Србија (8). Првото полетување било кон Истанбул па од таму за Техеран.
- „Во Техеран не пречека комби кое не одведе до селото Рејна кое се наоѓа во подножјето на планината Дамаванд. Овде беше првото ноќевање во Иран, за следниот ден со џипови се транспортиравме до Госфанд Сара (3.040 м.н.в.) местото кое ни' беше стартна позиција за искачување на Дамаванд. Овде големите ранци кои тежеа по дваесеттина килограми ги натоваривме на мазги кои ни ги префрлија до планинарскиот дом „Баргах Шевом“ (4.200 мнв), а ние пеш се искачивме до него за неколку часови. Кога стигнавме во планинарскиот дом на 4.200 м. се сместивме и овде започнаа првите проблеми со висинската болест. Имавме страшни главоболки поради кои ноќта ми помина непроспиена иако бев уморен и од патувањето, но и од искачувањето, изјави по враќањето во Гевгелија планинарот Ристо Каркалашев.
Следниот ден за планинарите бил ден за аклиматизација, со искажување на висинска разлика од 450 метри и повторно се вратиле во базниот камп. Овде започнале договорните подготовки и совети за искачувањето на врвот Даманван, заедно со искусните балкански водичи Миланка Арсиќ и Александар Мијатовиќ.

Првиот августовски ден во 5 часот изутрината како што бил договорен стартот, експедицијата го дочекала со многу јак ветар и паднала одлуката да се одложи искачувањето. По два часа ветровитост, откако малку се смирила силината на ветрот, планинарите во 7 часот наутро се упатиле на својата планирана траса кон Иранскиот пандан на грчкиот Олимп. Имало и редослед на движење - напред Миланка, назад Александар, а останатите од експедицијата во редица еден по друг помеѓу нив.

- „По 3 часа искачување некаде на 4.800 м. повторно започнаа проблемите со висинската болест и страшните главоболки. Овде еден планинар на кој му беше многу тешко остана да го чека Александар кој беше заостанат назад со уште две планинарки, и овде групата се подели на три дела оние кои беа побрзи и кои имаа помали проблеми со висинската болест тргнаа напред, а за водич нивен Миланка го постави Кемал искусен планинар од Босна. Миланка остана со мене и со уште еден планинар од Србија и една планинарка од Бугарија и се движевме полека поради проблемите со висинската болест, а додека Александар беше назад со две планинарки и планинарот кои имаше проблеми и го почека на патеката. Така полека и тешко но сигурно со нашиот водич Миланка која ни' даваше голема подршка ние стигнавме до врвот Дамаванд 5.671 мнв, го објаснува своето достигнување нашиот соговорник Каркалашев.

Иако има дведецениско планинарско искуство и титула водич на планинските терени низ Македонија, со искачени многу врвови и глетки од неколку илјади надморска височина Ристо сепак имал посебно доживување со своето последно искачување на експедицијата кон Дамаванд:

- „Кога ќе се искачам на некој врв чувството е прекрасно, но овој пат оваа чувство на 5.671 м. беше посебно, полно со емоции. Врвот не беше теренски посебно технички захтевен, но поради присуството на вулканските испарувања на сулфур, пред врвот и на самиот врв излегуваше сулфур, па моравме да корисиме заштитни маски. Тоа значи потреба од особена кондициона спремност на планинарот кој на оваа висина се соочува со разреден кислород и зашеметеност. Но, тоа не ме спречи да стасам до врвот, изјавува гордо гевгелискиот планинар Каркалашев кој овој успех го сподели заедно со Петранка Никова и водичката од Србија Миланка.

Впивањето на глетката, неколку фотографии за овековечување на настанот и малата успешна експедиција успеала да го заврши своето патешествие дури во 23 часот ноќта, кога конечно се вратиле во базниот планинарски дом „Баргах Шевом“ (4.200 мнв). Движењето назад било споро поради повторните проблеми со главоболки, но и видната премореност од акцијата и разредениот кислород.

Од трите поделени групи за искачување исходот е следен: Четири членови успеале да се искачат до висина од 5.100 метри, а само еден планинар искачил височина од 5.300 метри. Висинската болест ги спречила да издржат во понатамошните 370, односно 570 метри до конечната цел, самиот врв Дамаванд. Но, имајќи предвид дека овие планинари првпат се наоѓат на ваква височина, ова е сепак успех за нив и нивните способности за издржување и прилагодување на теренот.

Експедицијата заврши на 6-ти август со враќање на планинарите во Белград. Претходно по враќањето до Госфанд Сара 3.020 м. со организиран превоз заминале за Техеран. Следните три дена ги поминале во разгледување на Техеран и Исфахан и на богатствата и културата на оваа древна цивилизација, што е доказ дека секоја планинарска акција е и мост меѓу културите од различните земји и делови од светот.

Сите овие големи искачувања и експедиции беа во организација на Планинарскиот Клуб „Балкан“ Белград, со кое гевгелиското планинарско друшво „Кожуф“ веќе долги години има одлична соработка.


 


Вечерва Македонија против Шпанија

Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија се игра во почеток во 20:30 часот

Повеќе

Македонија одигра нерешено со Германија

Со резултат 25:25 Македонија вечерва се израмни во вредностите со актуелниот европски ракометен првак Германија

Повеќе

Поради „гакиците“ под шорцеви и чорапите Македонија казнета од ЕХФ

Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите. 1.000 евра има казна и за чорапите на дуелот со Словенија

Повеќе

Македонија со втора победа на EHF

Нови четири бода за македонската ракометна репрезентација со победата на репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство во Хрватска

Повеќе

Македонија со победа против Словенија го стартуваше Европското првенство

Со само гол разлика од 25:24 македонските ракометари одиграа импресивна победа над третопласираните од минатото Светско првенство, Словенците

Повеќе

Мајкл Џордан - најбогатиот спортист на сите времиња

На листата топ 10 најбогати спортисти во светот водат голферите (4-ца на број), 3-ца кошаркари и по еден фудбалер, возач на формула и боксер

Повеќе

ПД Кожуф добитник на Плакета од ФПСМ

По повод Светскиот ден на планината 11 декември, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија вчера во Скопје додели Признание „Даре Џамбаз“ за долгогодишна активност и придонес за развивање на

Повеќе

Одбележан четвртиот патронат на Томе Шутов - Кротки

На овогодинешниот четврти патронат учествуваа стотина планинари и љубители на природата како од Гевгелија така и од неколку планинарски друштва од Македонија и Белград

Повеќе

Маленко - нов претседател на Пливачката федерација на РМ

Македонската пливачка легенда, Александар Маленко е именуван за нов претседател на пливачката федерација на нашaта земја

Повеќе

Европскиот ракометен првак Вардар доминираше над германскиот клуб РНЛ

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Вардар одговори на предизвикот со победа над Рајн Некар Левен (30-26)

Повеќе


 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.