Топ Новости >

Пехар за Федерер против Дел Порто во Базел

  • Недела, Окт 29 2017


Швајцарскиот растурач на зелените терени ја освои осмата титула во својот роден град Базел со резултат 2 - 1 во сетови.
По пауза од една година на 13тиот трунир во Базел, швајцарскиот миленик ја израдува својата домашна публика со извонредна игра. По изгубениот прв сет од 6-7 за Дел Порто, Федерер како да ја вклучи својата машина за пресудни топки и фрлања и со епски пресврт го реши Дел Потро за титула во Базел.

Во вториот сет двата тенисери не ги „даваа“ своите сервиси, но сè до одлучувачкиот десеттиот гем, кога Федерер ја искористи својата втора бреј и сет топка и израмни на 1-1. Одлучувачкиот период започна идентично како првиот со брејк и ри-брејк, но Швајцарецот продолжи со својата одлична игра на противнички сервис и со нов брејк дојде до предност која на крај значеше победа и нов трофеј во родниот Базел.

Ова е 95ти турнир во кариерата на живата тениска легенда, Роџер Федерер.
помладиот аргентинец Хуан Мартин дел Потро при доделувањето на наградите се заблагодари на добрата изгра на својот противник.
Наградниот фонд на турнирот е 387.000 евра. Не така примамлива сума, но секако менаџерите имаат своја тактика за одржувањето на кариерата на овој тениски великан.

 

 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.