Топ Новости >

Македонија одигра нерешено со Германија

  • Среда, Јан 17 2018


Со резултат 25:25 Македонија вечерва се израмни во вредностите со актуелниот европски ракометен првак Германија.

Македонија е првопласирана во групата Ц и ќе пренесе големи три бода во втората фаза од Европското првенство, на дуелите што ќе се играат во Вараждин.

Со пресинг во првото полувреме, со празен гол и човек повеќе во напад селекторот Раул Гонзалес сакаше да ги поведе во водство нашите репрезентативци. Така беше со првите три погодоци и париравме со резултат 7:6 се' додека германските репрезентативци не ја превзедоа играта и постигнаа низа од шест голови, па на полувремето нашите момци отидоа на одмор со резултат од само гол разлика.

Второто полувреме беше извонреден пресинг, утакмица со секоја секунда на препад. Се нижеа шансите. Една ќе беше пресудна дури и за победа на Македонија.
Стојанче Стоилов можеше да биде јунак за победа, а можеше да стане и трагичар ако Германците го реализираа последниот напад. Стоилов, големиот борец на цртата, за себе има само делумна утеха по промашениот удар:

-„Имав шут за победа и тогаш нерешено не ти е слатко“ – по малку разочарано вели Стојанче Стоилов .
- „Имав шанса да го решам натпреварот. Избрзав, шутнав лошо… Среќа соиграчите ме покрија. Тој бод сега не е толку сладок како што можеа да бидат четири бода за втора фаза. Но, тоа е тоа. Денеска промашив, утре можеби ќе дадам, тоа е ракомет, тоа е спорт“.

Селекторот Гонзалес е горд на својот тим и вечерашниот дуел со европскиот шампион:
- „„И двата тима можеа да го добијат натпреварот, играа интензивна одбрана и технички одлична поткованост. На крајот ремито е реален резултат, ние имаме два бода во Вараждин и не отстапуваме од својата цел, одбрана на златото. Ми се допаѓа карактерот на мојот тим, повеќе сакав да победиме, но немаме време за жалење, имаме два дена за да се подготвиме за следниот натпревар“ – изјави Раул Гонзалес.

Во првиот меч, на 21-ти јануари, ќе ги одмериме силите со првопласираната селекција од групата Д (во меѓусебен дуел вечерва решаваат Данска и Шпанија), два дена подоцна Македонија ќе игра против Чешка, а на 24.јануари и против второпласираната селекција од групата Д.

Еве неколку поенти пред гол линиите на теренот во вечерашниот меч меѓу Македонија и Германија.



 


Македонски планинари искачија два врва на Витоша во Бугарија

Три македонски планинарски друштва се искачија на два врва од планината Витоша Бугарија

Повеќе

Шпанија првпат европски шампион во ракомет

После победата над Шведска, Шпанија за првпат на врвот на европскиот ракомет

Повеќе

Вечерва финале Шведска и Шпанија

Финалниот меч на тринаесеттото Европско ракометно првенство меѓу Шведска и Шпанија ќе се игра вечерва во 20:30 часот.
Претходно, од 18 часот за бронза ќе играат Франција и Данска

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Македонија останува без Кире на првенството

ЕХФ потврди дека првенството за Кире Лазаров е завршено

Повеќе

Вечерва Македонија против Шпанија

Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија се игра во почеток во 20:30 часот

Повеќе

Македонија одигра нерешено со Германија

Со резултат 25:25 Македонија вечерва се израмни во вредностите со актуелниот европски ракометен првак Германија

Повеќе

Поради „гакиците“ под шорцеви и чорапите Македонија казнета од ЕХФ

Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите. 1.000 евра има казна и за чорапите на дуелот со Словенија

Повеќе

Македонија со втора победа на EHF

Нови четири бода за македонската ракометна репрезентација со победата на репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство во Хрватска

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.