Топ Новости >

Д-р Ѓорѓе Петков тргнува на покривот на светот - Монт Еверест

  • Петок, Мар 23 2018


Шестчлена екипа од која само гевгеличанецот д-р Ѓорги Петков е од Балканот тргнува на алпинистичката експедиција за искачување на највисокиот врв на светот - Монт Еверест.
Д-р Ѓорги Петков вечерва се отпоздравува со семејството, пријателите и колегите со желби за добар пат и успешен поход кон „покривот на светот“, а утре наутро 24 март свечено испраќање на „врвот на светот“ ќе му приредат членовите на Планинарското друштво „кожуф“ од Гевгелија, чиј долгогодишен член е токму овој надежен планинар и алпинист со намера да го испише името на Македонија по шести пат и на Гевгелија по прв пат во аналите на најупорните кои го искачиле Монт Еверест.


Утре Петков тргнува за Скопје од каде со авион заминува најпрво за Дубаи, а од тука кон Катманду, Непал каде ќе се задржи два дена, а следната дестинација е кон Националниот парк Еверест. Овде ќе престојуваат повеќе од месец дена се' додека не се создадат услови за постигнување на алпинистичкиот успех кој е и цел на меѓнародната експедиција „Монт Еверест 2018“. 

 

Првата дестинација на искачување е Базниот логор кој се наоѓа на 5.400 метри надморска висина. Овде меѓународната експедиција во чиј состав е нашиот гевгеличанец д-р Петков секојдневно ќе искачуваат по 1 до 2 висински логори, а ги има 4-ри на број со цел да се аклиматизираат на временските прилики и температурните услови. По секое искачување на еден или два логорски точки дневно, тие истиот ден треба да се враќаат во Базниот камп на 5.400 м.н.в со цел да се прилагодат на висинските разлики и да ги следат временските услови со прилагодување на организмот на напорот, кислородот и температурните услови. Четвртиот висински камп е последен, се наоѓа на 8.200 метри надморска висина и кога ќе се создадат временски услови погодни за искачување кон врвот, по одлука на водичот, се продолжува кон врвот Монт Еверест кој се наоѓа на 8.848 метри н.в. Искачувањето на последните 648 метри од Еверес е предвидено да траат 3 до 4 денови.

Од оваа сабота. со испраќањето од пред седиштето на ПД „Кожуф“ од Гевгелија, започнува остварувањето на долгогодишниот сон на примариус доктор инфектолог во Општата болница во Гевгелија, Ѓорги Петков за учество на експедиција кон Еверест. Заедно со уште петтмина алпинисти, под водство на англискиот алпинист и лиценциран водич-Тим Моусдејл, од Лондон, за него започнува меѓународната експедиција „Еверест 2018“ и освојувањето на Монт Еверест од неговата Јужна страна.

 

Довербата во водството и искуството се еден од факторите на успех, се разбира заедно со погодното време.  Со реализирани над 50 експедиции, од кои седум на Монт Еверест а шеснаесет на Аба Даблам, врв на Хималаите висок 6.812 англичанецот Тим Моусдејл е еден од најискусните водачи на експедиции во светот. Тој се има искачено на Еверест 6 пати, од неговите две страни, Северната и Јужната, а во 2013 година направил вистински подвиг, искачувајќи се два пати на „покривот на светот“.

Експедицијата е предвидено да трае од крајот на март до почетокот на јуни 2018 година, додека самото освојување на Еверест се предвидува да трае 3-4 денови, кога алпинистите ќе се обидат да го искористат временскиот „прозорец“ односна да ги дочекаат деновите на идеално време, а дали тоа ќе биде на почетокот или на крајот на мај ќе зависи од временските услови.

За оваа експедиција доктор Петков се подготвувал шест месеци, при тоа искачувајќи се на повеќе врвови до 5.000 метри во Европа, за да ја одржи кондицијата, вели тој, а на планината Кожуф секојдневно пешачел по 10 километри. Многу време посветувал и на психолошката подготовка, бидејќи планината е непредвидлива.

Ѓорги Петков, во изминатите десетина години се има искачено на сите највисоки врвови, на речиси сите континенти. Започнува со Елбрус, највисокиот врв во Европа, висок 5.642 метри, па потоа следат е врвот Килиманџаро највисокиот врв во Африка висок 5.895 метри, следуваат Аконгаква - највисокиот врв во Јужна Америка, висок 6.962 м.н.в., Арарат - со височина од 5.174 метри и врвот МекКинли на Алјаска висок 6.183 метри. Највисоката височина до која се искачил до сега доктор Петков е врвот Ленин Пик, во Киргистан, висок 7.200 метри, додека најблиску до Монт Еверест се нашол кога, како член на Балканска експедиција се искачува на врвот Island Peak, на Хималаите, врв висок 6.198 метри, од каде се гледа, со сета своја величина и убавина, Монт Еверест. Тука за прв пат, како што вели Петков, ја користел екстремната алпинистичка опрема и токму на овој врв му се раѓа сонот, еден ден и тој да застане на „покривот на светот“.

Тој ќе се обиде својот сон да го претвори во реалност, и да биде шестиот македонец, после Димитар Илиевски-Мурато (1989 год.), д-р Глигор Делев, македонец кој рабпти во Канада (мај 2007), доктор Сашко Кедев (2009), бизнисменот Здравко Дејановиќ (мај 2010), и Илина Арсова (2013 година), кој ќе застане на „покривот на светот“, на „големиот“, Монт Еверест, висок 8.848 метри, ултимативен предизвик на секој алпинист во светот.

 


Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)

Повеќе

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?

Повеќе

Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло

Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1

Повеќе

ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков

Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив

Повеќе

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест

Повеќе

Реал во осмо последователно полуфинале

Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Повеќе

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.