Топ Новости >

Испраќање на Д-р Петков од планинарите и сограѓаните

  • Сабота, Мар 24 2018


Пред заминување на пат кон највисокиот врв на Хималаите, Монт Еверест, висок 8.848 м.н.в. денеска утрото во седиштето на ПД „Кожуф“ испратен д-р Ѓорги Петков од бројната дружина гевгелиски планинари и свои сограѓани.

Среќа, успех му подарија сите, а од ПД „Кожуф“ доби македонско знаме и знамето со логото на Планинарското друштво „Кожуф“ каде Петков е член од 1986 година.

Петков тргнува во остварувањето на својата најголема желба - да се искачи на „покривот на светот“. Сепак тоа нема да биде завршница на неговата долгогодишна планинарска и алпинистичка кариера, но ќе претставува своевиден врв во достигнувањето во областа на алпинизмот, кое што во светот се мери како „олимписка медаља“ за алпинизам.



Следната негова желба, после посакуваниот „олимписки медал за алпинизам“ со искачувањето на Монт Еверест е да ги совлада висините на највисокиот врв на Антарктикот како седми континент, со што ќе ја заокружи својата алпинистичка кариера на сите континенти од зенјината топка.

Висините повеќе не се пречка за овој посветен д-р специјалист инфектолог и упорен вљубеник во висините, каде во последно време екстремните висини му се предизвик на издржливост, остварување и своја лична спортска реализација.

-„Имам многу доживувања, многу спомени и уште енергија за нови остварувања. Ќе раскажуваме на враќање“, вели низ озарена насмевка на задоволство нашиот денешен херој од Гевгелија - првиот алпинист од југот на Македонија кој тргнува на пат да го искачи врвот на светот.
Денес тргнува со лет за Дубаи. Следниот ден лета од Дубаи до Катманду, Непал, и овде останува два дена. Потоа се упатува со шестчлената експедиција до Кампот Еверест каде ќе престојуваат 1,5 до два месеци, ќе се аклиматизираат, тренираат, совладуваат висински и температурни разлики, се до очекувањето на поволниот временски „прозорец“ кој ќе им овозможи 3-4 дена да ја реализираат целата рута на искачување до врвот на светот Монт Еверест (8.848 метри надморска висина).


 


 

Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)

Повеќе

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?

Повеќе

Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло

Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1

Повеќе

ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков

Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив

Повеќе

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест

Повеќе

Реал во осмо последователно полуфинале

Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Повеќе

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.