Топ Новости >

Д-р Петков - за седум дена на пола пат кон Еверест

  • Сабота, Апр 07 2018


Гевгелискиот патник до највисокиот врв на светот Монт Еверест, Д-р Ѓорги Петков денеска пристигна до кампот Гокио кој се наоѓа на 4.800 метри надморска висина на Хималаите.

Тоа е речиси пола пат до самиот врв (8.848 метри надморска висина) што е најновиот искачувачки предизвик на овој наш познат алпинист, инаку доктор специјалист инфектолог. Овде, со својот експедициски тим до „Покривот на светот“ останале три дена. Претходно, на 1 април ја совладале висинската конта што се наоѓа на 4.500 м.н.в., тоа е кампот Кумјунг каде останале два дена и продолжиле до Гокио. По успешната изведена висинска рута по ледените патеки, меѓународната експедиција на Еверест 2018 во која е и д-р Ѓорги Петков, повторно се вратиле до базниот камп во Пангбочхе кој е 800 метри подолу, односно на 4.000 м.н.в. Заради аклиматизација на телото на температурните и висинските разлики, концентрацијата на кислород, воздушниот притисок и слично, екипата останува два дена на починок во Пангбохче.

Фото: Кампот Кумјунг 11 на  4.500 метри надморска височина,  1 април 2018, од ФБ албумот на Д-р Ѓорги Петков

Своите впечатоци од Гокио тој ги сподели со пријателите со зборовите:

- „Овде е чудно, наутро сонце, а попладне снег секој ден“ и испрати поздрави до сите.

Ние му посакуваме среќа низ ледените предели на примамливата природа која д-р Ѓорги Петков сака да ја „стави под нозе“. Тој од Гевгелија на пат кон искачување на Монт Еверест замина на 24 март испратен од своите колеги планинари од ПД „Кожуф“ и сограѓани кои му посакаа успешна експедиција на „покривот на светот“.

 

Фото: Монт Еверест - камено и ледено дури и во пролет

 


Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)

Повеќе

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?

Повеќе

Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло

Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1

Повеќе

ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков

Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив

Повеќе

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест

Повеќе

Реал во осмо последователно полуфинале

Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Повеќе

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.