Топ Новости >

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

  • Вторник, Апр 10 2018


Шесткратниот првак на Македонија во мотокрос, носител на бројни награди и на меѓународни мото натпревари, гевгеличанецот, Мирче Ќорнаков, ненадејно почина и остави нескротлива тага кај сите сограѓани кои го познаваа, почитуваа и се гордееја на неговите спортски достигнувања.

За неговата ненадејна смрт со тага и загуба се огласи и официјалниот портам „Мотори,цом.мк“ објавувајќи: 

„Македонскиот мотоспорт остана без уште еден голем човек, легендата на мотокросот Мирче Ќорнаков од Гевгелија денеска (недела 9 април 2018) го загуби животот.

Ќе остане запаметен како ведар човек, спортист во вистинска смисла на зборот и кросист кој ќе остане запишан во историјата на македонскиот мотокрос.

Сочувство до семејството и пријателите. Нека почива во мир“ - објавија од порталот „Мотори.цом.мк“.

Беше член на мото клубот Вардар, каде членовите го препознаваа како еден од најдобрите мото-крос возачи во Македонија, и со членството како да е дома.

Неуморниот дух го трошеше на многу свои спортски пасии: моторите со кои стана шесткратен првак на Македонија (евиденција до 2013), параглајдерството, кајакарството. Ова е неговиот прв видео запис од летот над Серменин со параглајдер на Кожуф планина.



Мирче знаеше да ужива и со музиката, и со креациите во својата фирма „Декоратива“. Уметничките гени ги споделуваше во друштво со братот член на познатата музичка група „Зијан“, а прецизноста во изработките на „Декоратива“ со математичкото наследство здобиено од својот татко, познат професор по математика, сега во пензија.

Човек со многу таленти. 
Вечна му слава и незаборав.



Почивај во мир, Мирче. Гевгеличани не' те забораваат, а спортските навивачи ќе жалат уште за тебе и ќе те споменуваат со сите возбуди кои им ги приреди на спортските терени,  мото-крос трки, дури и на домашната патека Милци.

ФОТО: Трето место во севкупен пласман за добро познатиот Мирче Ќорнаков кој беше и победник на втората трка на првата ЕндуроКрос трка во Македонија која се возеше на патеката Орман во Скопје, 2014 година 

ФОТО: „Гран При Македонија 2013“ - Репрезентацијата на Македонија го освои второто место во рамките на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос кој се одржа на патеката Милци крај Гевгелија, а во класата МХ, Мирче Ќорнаков е носител на сребрениот медал

ФОТО: Амбициите на Мирче Ќорнаков да ја направи Гевгелија мотокрос центар дури и за меѓународни трки, се оствари со создавањето на патеката Милци - бројки и факти за хронолошките остварувања 

ФОТО: Мирче Ќорнаков со параглајдер на Кожуф 

Сега летај во вечните предели на светлината, кај праведните и со дела незаборавените.

 


Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)

Повеќе

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?

Повеќе

Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло

Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1

Повеќе

ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков

Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив

Повеќе

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест

Повеќе

Реал во осмо последователно полуфинале

Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Повеќе

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди

Повеќе
 


 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.