Топ Новости >

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

  • Недела, Апр 15 2018


Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните пет-шест недели додека се подобрат условите за искачување на Врвот Монт Еверест.

Фотографијата што ја направи Томс Ворбс го покажува првото изгрејсонце над кампот Кумбу.

Фото: Тomas Worbs

Сончевото време им погодува за следите фази од искачувањата, кои треба да се одвиваат етапно до точките C1 што се наоѓа на 5.943 м.н.в, па се враќаат назад во базниот камп. Следуваат потоа точката C2 (21,000'/6.400 m), C3 (23,500'/7.162 m), South Col(26,300'/8016m) самиот врв Монт Еверест (29,035'/8.850 m).

Еве кратка видео симулација на движењата на алпинистите за аклиматизација на теренот и температурните услови.



Дали ќе добиваме следни информации од гевгелискиот патник кон Еверест Д-р Ѓорги Петков, се' до неговото конечно искачување кон врвот, за што искрено му посакуваме, зависи од достапноста на Wi-Fi зоната. Патем, домаќините на камповите на Еверест се погрижиле користењето на WiFi да биде по цена од 50 долари за 500 МБ. Ова е мал издаток за јавното искажување на стремежите на несекојдневниот спортски потфат на д-р Петков. Инаку севкупните трошоци за една експедиција на Еверест, во зависност од патните трошоци, дозволи со патничкото осигурување, залихи, закупот на опрема и водичи, се движи од 30 до 40.000 долари.

Општина Гевгелија го поддржа овој спортски зафат на нашиот гевгелиски алпинист со донација од 60.000 денари за остварувањето на неговата планирана мисија за искачување на Монт Еверест. Сето тоа од Програмата за финансиска поддршка на спортските активности во Општината за 2018 година. Меѓународната експедиција на Еверест за 2018 во која учествува и Д-р Ѓорги Петков секако ќе ги носи и обележјата на Македонија и ПД „Кожуф“ каде членува повеќе од две децении овој наш неуморен трагач по висинските предизвици.

Фото: Д-р Ѓорги Петков со палец нагоре отпоздравува дека е добро и добро ги поднесува минусните температури и суровите услови на Еверест (15.04.2018 год.)

Ѓорги Петков, во изминатите десетина години се има искачено на сите највисоки врвови, на речиси сите континенти. Започнува со Елбрус, највисокиот врв во Европа, висок 5.642 метри, па потоа следат е врвот Килиманџаро највисокиот врв во Африка висок 5.895 метри, следуваат Аконгаква - највисокиот врв во Јужна Америка, висок 6.962 м.н.в., Арарат - со височина од 5.174 метри и врвот МекКинли на Алјаска висок 6.183 метри. Највисоката височина до која се искачил до сега доктор Петков е врвот Ленин Пик, во Киргистан, висок 7.200 метри, додека најблиску до Монт Еверест се нашол кога, како член на Балканска експедиција се искачува на врвот Island Peak, на Хималаите, врв висок 6.198 метри, од каде се гледа, со сета своја величина и убавина, Монт Еверест. И, токму на овој врв му се раѓа сонот, еден ден и тој да застане на „покривот на светот“.

Му посакуваме успешна експедициска мисија која заедно со тимот треба да ја остварат од Јужната страна на Еверест.

 


Реал со победа над Баерн

150та победа на Реал Мадрид во Лига на шампиони

Повеќе

82 годишен планинар на 25 меморијал до Ума

Рекорден број на учесници и рекордна старосна возраст на годинешниот 25-ти по ред меморијален марш „Перо Илиевски“ до селото Ума, на Кожуф планина

Повеќе

Вардар прави чуда на терен: Го победи домаќинот Кил

Златен гол на Македа за победа на Вардар што го носи на чекор од Ф4 турнирот во Келн 

Повеќе

25-ти јубилеен меморијален марш Перо Илиевски до Хума

Во чест и сеќавање на еден од основачите на шестдецениското планинарско друштво од Гевгелија „Кожуф“ - Перо Илиевски (1930-1992 г.)

Повеќе

Премин на ледени кањони на Хималаите со д-р Петков

ФОТО: Како изгледа петипол часовен тренинг на Хималаите на 5.850 метри надморска височина?

Повеќе

Ѓокович елиминиран од Тием во Монте Карло

Изгубени шансите за пласман во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло за српскиот тенисер, некогаш светски рекет број 1

Повеќе

ФОТО: Тренинг на Хималаите со Д-р Петков

Гевгелискиот алпинист Георги Петков денеска со висински тренинг над 5.800 метри од Хималајскиот масив

Повеќе

Гевгелискиот патник кон Еверест стигна до базниот камп на 5325 мнв

Khumbu Himal е базниот камп на Хималаите лоциран на 5.325 метри надморска висина од каде меѓународната експедиција во која се наоѓа и гевгелискиот алпинист Д-р Ѓорги Петков ќе остане наредните шест

Повеќе

Реал во осмо последователно полуфинале

Реал Мадрид поразен на свој терен дома од Јувентус, но сепак се избори за полуфинале во Лигата на Шампиони

Повеќе

Почина Мирче Ќорнаков - најдобриот гевгелиски мотокросист

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.