Топ Новости >

Федерер го освои трофејот на Вимблдон без изгубен сет

  • Недела, Јул 16 2017


Федерер е недостижен со освоени 19 титули на гренслем турнирите по денеска освоениот осми трофеј на Вимблдон. Познавачите на тениските турнеи го нарекуваат „тениска машина“ поради упорноста и доследноста во секој меч, против секој проотивник и непопустливоста да се потроши макар еден сет за одмор во играта.

Швајцарскиот ас Роџер Федерер е „кралот“ на Вимблдон. На надмоќен начин стигна до својот осми, рекорден, трофеј на терените на Ол Инганд клубот во Лондон, совладувајќи го Хрватот Марин Чилиќ со 3-0 во сетови (6-3, 6-1, 6-4). Во своето 11.финале, Федерер стигна до осмата победа, а за каква тениска машина се работи доволно говори фактот дека не загуби ниту еден единствен сет во текот на целиот турнир. Во кариерата, ова му беше, симболично, 1.111 победа.

Ги нанижа сите… Долгополов предаде по еден сет во првото коло, а потоа со 3-0 во сетови губеа од Федерер и Душан Лајовиќ, Миша Зверев, Григор Димитров, Милош Раонич, Томаш Бердих, и во финалето, Марин Чилиќ.

Швајцарецот уште од самиот старт најави дека е расположен за игра, да го освои историскиот 19. наслов на гранслем турнирите. Го доби првиот сет со 6-3. Марин Чилиќ имаше здравствени проблеми, во еден дел од мечот беше и во солзи, но продолжи да игра, но не можеше да даде силен отпор. Вториот сет Федерер го доби со 6-1, а во третиот исто така не дозволи грешка и го комплетираше со 6-4.



 

Хамилтон триумфираше на Јапонското ГП во Сузука

Хамилтон без мака до пехарот во Сузука, Фетел повторно не ја заврши трката

Повеќе

„Кралевите“ го покорија Дортмунд

Реал Мадрид можеби е во криза во Шпанија, но во Лигата на шампионите игра беспрекорно

Повеќе

Роналдо влегува во клубот „400“ на Реал Мадрид

Португалскиот 32-годишен голгетер постигна 409 погодоци и 124 асистенции за „галактикосите“ во одиграните 400 натпревари

Повеќе

Македонски и грчки планинари на врвовите на Грамос

Уште една четврта по ред меѓународна акција на планинарите на ПД „Кожуф“ со своите колеги по височините од граничните планински предели во Грција

Повеќе

Нашиот Костадинов со хет трик ја урна Ерменија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија со убедлива победа од 3-0 ја победи Ерменија

Повеќе

Три меѓународни акции на ПД „Кожуф“ Гевгелија

Годинава искачени пет меѓународни планински врвови во Иран, Мароко и Италија од шесторица гевгелиски планинари 

Повеќе

УЕФА: Благодариме Македонија, фантастични домаќини на Суперкупот 2017!

Порака од УЕФА со благодарност до македонската јавност

Повеќе

Реал Мадрид го одбрани Супер купот во Скопје

Кралевите славеа против Манчестер Јунајтед со 2:1

Повеќе

Болт трет на трката на 100 метри, победи американецот Гетлин

Американецот Гетлин го украде спринтерското шоу, плачеше по победата, а „кралот“ на спринтерите јамајканецот Усаин Болт со овации дочекан од публиката 

Повеќе

Федерер го освои трофејот на Вимблдон без изгубен сет

Тениски терминатор - го растури хрватот Марин Чилиќ со 3-0 во сетови 

Повеќе

 


 

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.