Топ Новости >

Болт трет на трката на 100 метри, победи американецот Гетлин

  • Недела, Авг 06 2017


Најбрзиот човек на светот Усаин Болт ја загуби финалната трка на 100 метри од Американецот Џастин Гетлин.
Со резултат до 9,95 тој се пласира на третото место на светското атлетско првенство кое со одржува во Лондон. За една стотинка побрз од него беше американскиот атлетичар Колмен со 9,94, а за само 3 стотинки Гетлин беше побрз од атлетската машина од Јамајка и го доби златниот медал со резултат од 9,92 секунди

Гетлин го победи Болт, но гестот со кој го испрати „кралот“ на атлетиката е тема број еден на интернет, за кое кружи и видео.

Гетлин направи неверојатен пресврт и успеа да заврши пред Колмен и Болт, а пред да почне да го прави почесниот победнички круг, му се поклони на неповторливиот „крал“ на атлетиката од кого доби прегратка и пријателски поздрав.



Болт го изгуби светскиот трон заради лошиот старт. Како и во полуфиналето, успеа во финишот да го надополни поголемиот дел од заостатокот, но немаше доволно време ниту сила во фото-финишот да ги надмине Американците. Дали е можеби проблемот повредата на грбот за која што подолго време бил на лекување во Германија.

Публиката во Лондон наместо по победникот скандираше по Усаин Болт кој годинава најави дека сака да се повлече од атлетските патеки како непобеден. Тоа не му успеа во финалната трка вечерва, но затоа изјави: „Сакам да помине многу време додека важи мојот светски рекорд од 9,58 на патеката од 100 метри. Сакам кога моите деца ќе имаат 15 години да им речам - „Ете се' уште сум непобеден и најбрзиот човек на светот“.



Ова се годините на освоените први места и златни медали на светските и олимписки натпреварувања на Болт. После ова го чека работно место во „Пума“ чиј бренд го носи за цело време на својата успешна атлетска кариера.

 


Хамилтон триумфираше на Јапонското ГП во Сузука

Хамилтон без мака до пехарот во Сузука, Фетел повторно не ја заврши трката

Повеќе

„Кралевите“ го покорија Дортмунд

Реал Мадрид можеби е во криза во Шпанија, но во Лигата на шампионите игра беспрекорно

Повеќе

Роналдо влегува во клубот „400“ на Реал Мадрид

Португалскиот 32-годишен голгетер постигна 409 погодоци и 124 асистенции за „галактикосите“ во одиграните 400 натпревари

Повеќе

Македонски и грчки планинари на врвовите на Грамос

Уште една четврта по ред меѓународна акција на планинарите на ПД „Кожуф“ со своите колеги по височините од граничните планински предели во Грција

Повеќе

Нашиот Костадинов со хет трик ја урна Ерменија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија со убедлива победа од 3-0 ја победи Ерменија

Повеќе

Три меѓународни акции на ПД „Кожуф“ Гевгелија

Годинава искачени пет меѓународни планински врвови во Иран, Мароко и Италија од шесторица гевгелиски планинари 

Повеќе

УЕФА: Благодариме Македонија, фантастични домаќини на Суперкупот 2017!

Порака од УЕФА со благодарност до македонската јавност

Повеќе

Реал Мадрид го одбрани Супер купот во Скопје

Кралевите славеа против Манчестер Јунајтед со 2:1

Повеќе

Болт трет на трката на 100 метри, победи американецот Гетлин

Американецот Гетлин го украде спринтерското шоу, плачеше по победата, а „кралот“ на спринтерите јамајканецот Усаин Болт со овации дочекан од публиката 

Повеќе

Федерер го освои трофејот на Вимблдон без изгубен сет

Тениски терминатор - го растури хрватот Марин Чилиќ со 3-0 во сетови 

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.