Топ Новости >

Реал Мадрид го одбрани Супер купот во Скопје

  • Среда, Авг 09 2017

 


 


Реал Мадрид, носителот на титулата од Лигата на Шампионите и 41 Суперкуп Реал Мадрид, ја одбрани својата титула и стана носител на трофејот од 42-от Суперкупот на УЕФА кој се одржа синиќа во Скопје. Кралските избраници на Зидан натпреварот го почна без главната ѕвезда Кристијано Роналдо. Тој сепак остана на клупата за резерви, затоа што почна да тренира пред три дена, па премногу беше ризичен потегот тренерот Зидан да го пушти на теренот. 

Резултатот во Суперкуп пресметката го отвори Реал Мадрид во 24-та минута од натпреварот. 

Кралевите приредија одлична акција. Карвахал се покажа во одлично светло, проигра до Касемиро, а фудбалерот од средниот ред ја искористи втората шанса на мечот, успеа да ја затресе мрежата на Де Хеа. Заслугата беше заедничка на двајцата фудбалери. Претходно, на десет минути пред да се отвори резултатот, бразилецот Касемиро неискористи шанса, откако ја прими топката на Крос од корнер, но ударот заврши во стативата на Манчестер Јунајтед. 

Инаку во текот на првото полувреме, Реал Мадрид покажа повеќе, го имаше поседот на топката и чисти шанси, но само еднаш се затресе мрежата и резултатот 1-0 остана до полувремето. Интересен и редок момент беше паузата за вода и одмор од жешкото време по половина час игра на Телеком Арената. Во второто полувреме, Манчестер имаше шанса да налаи преку Лукаку, но не успеа, Навас ја одби топката на Погба кој биеше со глава, а Лукаку од убава позиција шутираше кон голот но ја погоди гредата. Но, само неколку минути подоцна се поправи и одбиената топка на Матиќ ја смести во голот на Реал. Неколку минути пред крајот Роналдо влезе во игра и истрча пред скопската публика. 

До крајот резултатот не се промени, Реал Мадрид со 2-1 триумфираше и го одбрани трофејот од УЕФА Суперкуп натпреварувањето. 

 


Одбележан четвртиот патронат на Томе Шутов - Кротки

На овогодинешниот четврти патронат учествуваа стотина планинари и љубители на природата како од Гевгелија така и од неколку планинарски друштва од Македонија и Белград

Повеќе

Маленко - нов претседател на Пливачката федерација на РМ

Македонската пливачка легенда, Александар Маленко е именуван за нов претседател на пливачката федерација на нашaта земја

Повеќе

Европскиот ракометен првак Вардар доминираше над германскиот клуб РНЛ

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Вардар одговори на предизвикот со победа над Рајн Некар Левен (30-26)

Повеќе

Гевгелиските планинари на врвот Љуботен

По повод 13-ти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ПД „Макпетрол“ и „Трансверзалец“ организираа искачување на врвот Љуботен на Шара планина

Повеќе

Фудбалерите со победа, кошаркарите со пораз

Гевгелиските истоимени тимови „Кожуф“ викендов со различни резултати на терен

Повеќе

Пехар за Федерер против Дел Порто во Базел

Ова е осма титула на Федерер во својот роден град Базел, извојувана со резултат 2 - 1 во сетови против аргентинецот Дел Порто

Повеќе

ЕХФ: Вардар е најмоќен тим во Европа

Македонскиот ракометен првак Вардар е назначен за најдобар тим во Европа, на најновата листа направена од ЕХФ 

Повеќе

13-ти планинарски меморијал Кангата

ПД „Кожуф“ како организатор беше домаќин на над 200 планинари на традиционалниот планинарски меморијал Димитар Кангов - Кангата

Повеќе

Кристијан Роналдо - најдобар фудбалер на годината

Наградата „The Best“ за најдобар фудбалер за 2017 повторно во рацете на Португалецот, кој слави две години по ред како прв на ранг листата на ФИФА и тоа пред Меси

Повеќе

Хамилтон триумфираше на Јапонското ГП во Сузука

Хамилтон без мака до пехарот во Сузука, Фетел повторно не ја заврши трката

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.