Топ Новости >

Македонски и грчки планинари на врвовите на Грамос

  • Среда, Сеп 06 2017


Се нижат меѓународните акции на ПД „Кожуф“. Викендов реализирана четвртата меѓународна средба со планинари од Грција и Македонија кои си поставија за цел да ги искачат врвовоте на планината Грамос која се наоѓа на самата граница помеѓу Грција и Албанија во реонот на Костур.

Во акцијата учество зедоа 43 планинари, во органозација на ПД „Кожуф“, Е.П.Д. „Картуш“ од Прилеп и планинарот водич од Грција Гиоргиос Копаилас. Екипата од Македонија што ја сочинуваа 16 планинари од Гевгелија и тројца планинари од Скопје ја предводеше Ристо Каркалашев од Гевгелија. Ним им се придружија 20 планинари од Прилеп заедно со четворица грчки планинари кои ги предводеше Горгиос Копаилас. Сите заедно се упатија кон врвовите на Грамос, поточно на нејзиниот највисок врв „Чука Пецик“ 2.525 м.н.в.

Планината Грамос е позната и под името Грамушта, или на костурски дијалект Грамушча. Грамос го сочинува најсеверниот дел од планинскиот венец на Пинд на грчка територија. Таа се состои од две планински била кои се собираат под прав агол. Првото било ја означува границата со Албанија со врвовите „Црн Камен“ (Μαύρη Πέτρα, Маври Петра, 2.461 м), Голио Врв (Γκόλιο, 1.934 м) и Каменик (Κάμενικ, 2.043 м). Другото било ги дели окрузите Јанина и Костур и има источна насоченост. Него го бележат врвовите Перифано (Περήφανο, 2.442 м), Гесо (Γκέσο, 2.166 м) — Голем Човек (Επάνω Αρρένα, Епано Арена, 2.192 м) и Мал Човек (Κάτω Αρρένα, Като Арена, 2.075 м). На планината Грамос близу до границата со Албанија е сместено највисокото и најголемото планинско езеро во Егејска Македонија и Грција, наречено Гиздово (Γκιστόβα) на 2.350 м.


Запознај го соседот за да го разбереш подобро е изгледа мотивот на овие наши вљубеници на планините и висините, кои за време на престојот во Грција, во рамките на акцијата ги посетиле местата Воден и Костур, а првиот престој го имале во пазувите на Грамос, во едно прекрасно планинско село Пликати на надморска височина од 1.350 метри.

Следниот ден рано наутро уште во 5-30 часот сите спремни се упативме по патеката која водеше кон врвот Чука Пецик, но планина како планина никогаш не предвидлива во однос на временските услови, по нешто повеќе од еден час пешачење временските услови наеднаш се променија и се влошија почна ветер, дожд и магла. Се собравме сите планинари да се договорме што понатаму. Овде падна договор да се врќаме назад поради силниот дожд. Назад надолу тргна една поголема група додека јас и уше неколку планинари од Гевгелија и Прилеп се искачивме уште некое метро нагоре каде наидовме на една стара посматрачница изградена од камен и во неа се засолнивме. Овде решивме да почекаме извесно време и доколку временските услови се подобрат да тргнеме кон врвот. По близу едно часовно чекање дождот малку намали и еден дел решивме да тргнеме кон врвот, а другите се вратија назад. Качувајќи се нагоре почна да паѓа магла, па одлучивме да го искачиме најблискиот врв и така се искачивме на вториот врв по височина на планината Грамос, врвот „Црн Камен“ (2.461 м.). На врвот направивме неколку фотографии и се упативме назад кон Пликати и вилите во кои бевме сместени. Така, иако не беше искачен врвот Чука Пецик кој ни' беше цел на акцијата, сепак бевме задоволни и од искачениот врв Црн Камен“, вели гевгелискиот планинар Ристо Каркалашев.



Како значење има Грамос и посетата на нашите планинари на нејзините терени

До 1912 година Грамушта ја образувала југозападната граница на етничка Македонија - селата во планината се влашки, а на североисточното подножје — македонски. На 24-29 август 1949 г. на планината се случила решителната Битката на Грамушта, каде со помош од американски и британски сили и напалм-бомби е поразена Демократската армија на Грција (ДАГ) со огромен број Македонци и со тоа е ставен крај на Граѓанска војна на штета на македонското население. Денеска грчки и македонски планинари заедно, со споделување на искуства и пријателства, слободно „шетаат“ низ пределите на ова некогашна воена зона.

Периодот кој следи П.Д. „Кожуф“ ќе реализира уште неколку акции, а во окомври месец ќе го организира и 13-от Меморијал Димитар Кангов - Кангата со искачување на највисокиот врв на Кожуф планина, врвот Зелен Брег позициониран на 2.166 метри надморска височина.


 


Кристијан Роналдо - најдобар фудбалер на годината

Наградата „The Best“ за најдобар фудбалер за 2017 повторно во рацете на Португалецот, кој слави две години по ред како прв на ранг листата на ФИФА и тоа пред Меси

Повеќе

Хамилтон триумфираше на Јапонското ГП во Сузука

Хамилтон без мака до пехарот во Сузука, Фетел повторно не ја заврши трката

Повеќе

„Кралевите“ го покорија Дортмунд

Реал Мадрид можеби е во криза во Шпанија, но во Лигата на шампионите игра беспрекорно

Повеќе

Роналдо влегува во клубот „400“ на Реал Мадрид

Португалскиот 32-годишен голгетер постигна 409 погодоци и 124 асистенции за „галактикосите“ во одиграните 400 натпревари

Повеќе

Македонски и грчки планинари на врвовите на Грамос

Уште една четврта по ред меѓународна акција на планинарите на ПД „Кожуф“ со своите колеги по височините од граничните планински предели во Грција

Повеќе

Нашиот Костадинов со хет трик ја урна Ерменија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија со убедлива победа од 3-0 ја победи Ерменија

Повеќе

Три меѓународни акции на ПД „Кожуф“ Гевгелија

Годинава искачени пет меѓународни планински врвови во Иран, Мароко и Италија од шесторица гевгелиски планинари 

Повеќе

УЕФА: Благодариме Македонија, фантастични домаќини на Суперкупот 2017!

Порака од УЕФА со благодарност до македонската јавност

Повеќе

Реал Мадрид го одбрани Супер купот во Скопје

Кралевите славеа против Манчестер Јунајтед со 2:1

Повеќе

Болт трет на трката на 100 метри, победи американецот Гетлин

Американецот Гетлин го украде спринтерското шоу, плачеше по победата, а „кралот“ на спринтерите јамајканецот Усаин Болт со овации дочекан од публиката 

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.