Топ Новости >

Гевгелиските планинари на врвот Љуботен

  • Понеделник, Ное 13 2017


Викендот кој помина 12-ти ноември скопските планинарски друштва „Макпетрол“ и „Трансверзалец“ го организираа традиционалното искачување на врвот Љуботен по повод 13-ти ноември ослободувањето на град Скопје.

На акцијата, покрај многубројните планинари од државата учествуваше и петчлена екипа од ПД „Кожуф“ Гевгелија. 

Љуботен е висок 2.499 метри. Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида што го прави врвот забележлив од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се користени многу епитети - тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен... Ова доволно зборува за него.
Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта. На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, кој популарно е наречен Козја Карпа. Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река, итн.

Искачувањето на врвот Љуботен по повод 13ти Ноември претставува традиционална акција во чест на празнувањето на Денот на град Скопје. Токму прекрасниот врв Љуботен кој плени со својата убавина, специфика и поставеност е дел од Грбот на Градот Скопје.
Петмина членови на Планинарското Друштво „Кожуф“ Гевгелија во саботата пристигнаа во село Вратница кое се наоѓа во пазувите на Шар Планина. Овде престојувале во амбиентална убавина, во Хостел Вратница, што е всушност стара куќа која сопственикот Драгиша Јовановски ја пренаменил во хостел а со тоа се потрудил да го развие алтернаивниот туризам како планинарење, волосипедизам и лов со што покрај сместувачкиот капацитет им организира на гостите и прошетки по Шар Планина.
Следниот ден недела се качивме до Старо Село со автомобилот каде што беше стартот на акцијата и тргнавме кон врв Љуботен, на пола пат до врвот се наоѓа Планинарскиот Дом „Љуботен“ кој моменално се реновира од страна на Планинарски Клуб „Љуботен“ Тетово, а пред него е и Вила Љуботен во сопсвеност на Васе Видоески, овде домаќините не пречекаа со топол чај и продолживме кон врвот.

   

-„Кон врвот почна да се формира колона од планинари и така полека сите заедно се искачивме на врвот Љуботен 2.498 м.н.в. кој морам да напоменам дека не е ни малку лесен за искачување бидеќи стартот од Старо Село е на 700 метри надморска височина и до врвот и назад има 20 км со висинска разлика за совладување од 1.800 м.н.в.“ , ја оценува трасата нашиот соговорник планинарот Ристо Каркалашев од Гевгелија.

Планинарското Друштво Кожуф Гевгелија продолжува со своите активности па така овој викенд на 19-ти ноември го организира Патронатот на својот Планинарски Дом „Томе Шутов-Кротки“ и ќе се искачува врвот Двете Уши 1.766м. На оваа акција се очекуват преку 200 планинари од Македонија, а има најава и за учество на планинари од Србија.


Македонски планинари искачија два врва на Витоша во Бугарија

Три македонски планинарски друштва се искачија на два врва од планината Витоша Бугарија

Повеќе

Шпанија првпат европски шампион во ракомет

После победата над Шведска, Шпанија за првпат на врвот на европскиот ракомет

Повеќе

Вечерва финале Шведска и Шпанија

Финалниот меч на тринаесеттото Европско ракометно првенство меѓу Шведска и Шпанија ќе се игра вечерва во 20:30 часот.
Претходно, од 18 часот за бронза ќе играат Франција и Данска

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Вечерва Македонија - Чешка

После поразот од Шпанија, вечерва со почеток во 20:30 часот одиме јако со Чешка

Повеќе

Македонија останува без Кире на првенството

ЕХФ потврди дека првенството за Кире Лазаров е завршено

Повеќе

Вечерва Македонија против Шпанија

Натпреварот меѓу нашата репрезентација и Шпанија се игра во почеток во 20:30 часот

Повеќе

Македонија одигра нерешено со Германија

Со резултат 25:25 Македонија вечерва се израмни во вредностите со актуелниот европски ракометен првак Германија

Повеќе

Поради „гакиците“ под шорцеви и чорапите Македонија казнета од ЕХФ

Федерацијата е казнета со 1.000 евра поради „гаќиците“ под шорцевите. 1.000 евра има казна и за чорапите на дуелот со Словенија

Повеќе

Македонија со втора победа на EHF

Нови четири бода за македонската ракометна репрезентација со победата на репрезентацијата на Црна Гора на Европското првенство во Хрватска

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.