Топ Новости >

Европскиот ракометен првак Вардар доминираше над германскиот клуб РНЛ

  • Сабота, Ное 18 2017

 


 


 Европскиот шампион покажа моќ, силниот Вардар на домашен терен му одржа ракометна лекција на германскиот првак Рајн Некар Левен, кој во СЦ „Јане Сандански“ е поразен со 30-26 (17-13). 

Раул Гонзалез одлично ја имаше простудирано играта на гостите и го однесе Вардар во пол-позиција за врвот во групата „А“ и местото кое води директно во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони. „Лавовите“ премногу лесно станаа „мачиња“, а шампионот играше по нотите на навивачите и остана единствениот непоразен тим во овогодинешната сезона на ракометната елита.

 

Вардарци почнаа да го диктираат темпото уште од стартот на натпреварот и ја радуваа домашната публика со голови. Водени од Иван Чупиќ, кој погоди од пенал, а потоа и од контра, домашните поведоа со 3-1, а водството достигна три гола во 10. минута, кога Канељас погоди на празен гол, за 6-3.

Тоа беше знак за Јакобсен да повика тајм-аут и да им подеи совети на своите ракометари, но истите - не помогнаа премногу. Вардар продолжи да игра во моќен ритам, во 15. минута имаше предност од 11-6, а потоа, дојде и до 16-10, предност од шест гола која беше највисока во овој интервал од мечот.

Штербик имаше само три интервенции за 30 минути, но и тоа не беше пречка Вардар на полувреме да води со 17-13. Можеби разликата ќе беше поголема, да не беше дискутабилната арбитража на судиите пред крајот на првиот дел, кога досудија пенал и воедно го исклучија Игор Карачиќ.

Разликата Вардар ја одржуваше и во воведните минути од вториот дел (19-15, па 22-18), а одбраната на европскиот првак функционираше перфектно благодарение на советите на Раул, кој одлично ги затвори шутерите на РНЛ и не им даваше шанса да се закануваат. Блесна и Арпад Штербик, со две одбрани во низа, а тоа на македонскиот тим му донесе висока предност од пет гола (27-22), на осум минути пред крајот на дуелот.

Во последните минути од мечот Вардар ја имаше контролата во свои раце, РНЛ, пак, брзаше за да брка резултат, но сепак грешеше, а сето тоа го искористи македонскиот шампион и го приведе дуелот кон финишот со хепи-енд за „црвено-црната“ армија.

Најдобар стрелец кај Вардар беше Вуко Борозан со седум гола, додека Иван Чупиќ заврши со шест гола, а Даинис Кристопанс заврши со пет гола. Кај Рајн Некар Левен, Баена Гонзалез и Шмид дадоа по пет гола, а Сигудрсон беше задржан на четири гола. 

Наредниот меч во Лигата на шампионите, Вардар, го игра на 26 ноември, кога гостува во Германија кај Рајн Некар Левен. 

 


ПД Кожуф добитник на Плакета од ФПСМ

По повод Светскиот ден на планината 11 декември, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија вчера во Скопје додели Признание „Даре Џамбаз“ за долгогодишна активност и придонес за развивање на

Повеќе

Одбележан четвртиот патронат на Томе Шутов - Кротки

На овогодинешниот четврти патронат учествуваа стотина планинари и љубители на природата како од Гевгелија така и од неколку планинарски друштва од Македонија и Белград

Повеќе

Маленко - нов претседател на Пливачката федерација на РМ

Македонската пливачка легенда, Александар Маленко е именуван за нов претседател на пливачката федерација на нашaта земја

Повеќе

Европскиот ракометен првак Вардар доминираше над германскиот клуб РНЛ

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Вардар одговори на предизвикот со победа над Рајн Некар Левен (30-26)

Повеќе

Гевгелиските планинари на врвот Љуботен

По повод 13-ти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ПД „Макпетрол“ и „Трансверзалец“ организираа искачување на врвот Љуботен на Шара планина

Повеќе

Фудбалерите со победа, кошаркарите со пораз

Гевгелиските истоимени тимови „Кожуф“ викендов со различни резултати на терен

Повеќе

Пехар за Федерер против Дел Порто во Базел

Ова е осма титула на Федерер во својот роден град Базел, извојувана со резултат 2 - 1 во сетови против аргентинецот Дел Порто

Повеќе

ЕХФ: Вардар е најмоќен тим во Европа

Македонскиот ракометен првак Вардар е назначен за најдобар тим во Европа, на најновата листа направена од ЕХФ 

Повеќе

13-ти планинарски меморијал Кангата

ПД „Кожуф“ како организатор беше домаќин на над 200 планинари на традиционалниот планинарски меморијал Димитар Кангов - Кангата

Повеќе

Кристијан Роналдо - најдобар фудбалер на годината

Наградата „The Best“ за најдобар фудбалер за 2017 повторно во рацете на Португалецот, кој слави две години по ред како прв на ранг листата на ФИФА и тоа пред Меси

Повеќе

 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.