Топ Новости >

Одбележан четвртиот патронат на Томе Шутов - Кротки

  • Понеделник, Ное 20 2017

 



 Планинарското Друштво Кожуф од Гевгелија изминатиот викенд го организираше четвртиот по ред Патронат на Планинарскиот Дом „Томе Шутов - Кротки“. Планинарскиот дом се наоѓа во село Конско на одалеченост од Гевгелија од само 20км. Домот е стара 50 годишна школска зграда, која беше на распаѓање, но планинарите на ПД Кожуф ја санираа и реновираа и моментално се користи како планинарски дом, за сите планинари кој имаат желба да ја посетат прекрасната Кожуф планина и истиот им е на располагање.

Планинарскиот Дом го носи името на долгогодишниот член на гевгелиското планинарско друштво Томе Шутов - Кротки кој ненадејно го загуби животот во сообраќајна несреќа, па во негова чест се организира и овој Патронат на Планинарскиот дом.

На овогодинешниот четврти патронат учествуваа околу 100 учесници планинари и љубители на природата како од Гевгелија така и од неколку планинарски друштва од Македонија, меѓу кои: „Макперол“ Скопје, „Чеплес“ Велес, „Енузијаст“ Срумица, „Козјак“ Прилеп, „Југ“ Валандово, „Картуш“ Прилеп и група рекреативци од Штип. На патронатот учество зеде и Планинарскиот клуб „Балкан“ од Белград со кое ПД Кожуф има плодна соработка и со кое е договорена соработка и за во 2018 година во високогорски акции.

Планинарите се движеа по патека од Планинарскиот Дом преку „Манчева пресека“ и Сиглица се' до најпознатиот врв на Кожуф „Двете Уши“ 1.766 м.н.в. која е во должина од 17 километри во двата правца.

По успешното искачување на врвот беа доделени благодарници на сите планинарски друштва учесници како и благодарници за најмлад и најстар учесник.

Најмлад учесник на овој патронат беше 6 годишниот Матео Горгиев од Велес кој успешно го искачи врвот Двете Уши заедно со своите родители, а најстар учесник беше Влада Стевановиќ од Белград кој на 84 години успешно ја помина цела маршута и го искачи врвот Двете Уши.



 

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.